Уште една компликација во авионскиот сообраќај... Дали тоа значи дека фри-шоповите на аеродромите ќе треба да се затворат? Од нив обично се купуваат течности во шишиња и тоа откако ќе се чекира нерачниот багаж.Од рано утринава строги безбедносни мерки се во сила низ британските аеродроми.
Без рачен багаж
Не се дозволува рачен багаж, а патниците смеат со себе да понесат само паричник и препишани лекарства - во проѕирна пластична кесичка.
Дури и родителите кои патуваат со деца мораат да го пробаат бебешкото млеко пред да го понесат во авион.Тони Даглас, портпарол на Британските аеродроми вели дека во авионите не смеат да се внесат никакви течности.
Башка што во вешти раце, и самото шише може да се претвори во оружје, како во улична тепачка. На 11 септември 2001 напаѓачите нели биле вооружени само со скалпели, па сега е сигурносен проблем и ако носиш ноктаре или запалка (Do not pack in carry on luggage).
Инаку, во Британија има низа случаи кога „антитерористичките“ закони и прописи веќе се користеле од властите за средување на поинакви проблематични ситуации:
Г. Волфганг бил грабнат за крагната и исфрлен од годишниот собир на Лабуристите во Брајтон заради вознемирувачко прашување на тогашниот Министер за надворешни работи Џек Строу, при што го обвинил за зборување „бесмислици“ во текот на говорот за Ирак.Подоцна полицијата и премиерот јавно се извиниле. Волтер Волфганг (83) неодамна бил избран во Националниот извршен комитет на Лабуристите (Labour heckler elected to party's ruling body), чин што се толкува како акт на непослушност на незадоволното членство кон лидерот Блер.Тогаш Волфганг бил притворен од полицијата со примена на анти-терористичките надлежности, откако се обидел да се врати на конференцијата.
1 comment:
Only the following items are permitted in the cabin, and must be carried in transparent bags:
* Wallets and purses, plus their contents.
* Travel documents, including passports and travel tickets.
* Prescription medicines, but not in liquid form, unless they can be verified as authentic.
* Essential medical items, such as a diabetic kit.
* Glasses and sunglasses, but not in their cases.
* Contact lens holders, but with no bottles of solution.
* Baby food and milk, but contents must be tasted by accompanying passenger.
* Sanitary items for babies.
* Female sanitary items, unboxed.
* Handkerchiefs and tissues, unboxed.
* Keys, but with no electric key fobs.
Post a Comment