Надежта е и покршлива и пожилава од довербата, си помисли, вртејќи се по собата, а безгласна, нејасна молња повторно блесна над неговата глава. Кога сè оди добро, човекот верува во животот. Кога тргнува на лошо, се надева. Но во суштина тие две работи се исти: тие се неопходната врска на човечкиот дух со другите духови, со светот и со времето. Човекот без верба живее, но не со живот на човечко суштество. Човек без надеж, умира. Без поврзаност меѓу луѓето, рацете не се допираат, чувствата изумираат, а интелигенцијата станува јалова и опседната. И како единствена врска меѓу луѓето останува односот на господар кон роб, односот на убиец кон жртва.Цитатот е преведен е од српското издание (Ursula Legvin. 1987. Grad opsena. Narodna knjiga, Partizanska knjiga: Beograd. Prevod Sonja Janoski).
За споредба: Пандорината кутија.
No comments:
Post a Comment