Блекаут

29 August 2006

Култот на староста во Македонија

Мислам дека е добро да се обрне внимание на дебатата која се разгоре во врска со култот на староста во нашата земја, иако некои од нејзините учесници всушност тргнале со умисла дека не пишуваат за тоа, туку за составот на новата влада.
Според легендата кога Цезар/Кајсар (Gaius Julius Caesar) почнал да липа кога на 31-годишна возраст видел статуа на Александар во храмот на Херкул во Кадиз. Кога го прашале зошто, одговорил:
Зар мислите дека немам причина да плачам, кога Александар на мои години веќе имал освоено толку многу земји, додека јас во текот на целото ова време немам направено ништо вредно за спомен.

No comments: