На официјалниот сајт на серијата за секоја епизода има и информација кои песни се користени во неа и кои се изведувачите, па со усрдно користење на P2P може да се најдат.
Преку веб најдов и едно интересно интервју со претставници на групата (Spaccanapoli: Finding the lost souls of a divided city) во кое се зборува не само за старовремските фолклорни корени, туку и за улогата на социјалистичките протестни движења и други елементи на духот на Неапол. Во рамките на интервјуто преку риалаудио може да се слушне и песната „Миецо а феста“ од албумот „Изгубени души“, чие име се однесува на...
„...еден особен култ на мртвите на пониските класи во Неапол. Грижејќи се за напуштени черепи, тие мислат дека душите на тие мртви ќе ги заштитат, оти и самите души се чувствуваат отфрлени. Старовремскиот култ на мртвите им овозможува на овие луѓе да ја интегрираат идејата за смртта во нивните животи и да станат способни да се соочат со неа кога ќе дојде. Од друга страна, буржоаското општество ја отстранува смртта од животот и ја крие. Затоа, кога таа се случува, се случува на вознемирувачки и неподнослив начин.“Според италијанскиот историчар на фолк-музиката Џовани Вака: „Уметноста треба секогаш да ја искажува борбата против сите видови угнетување и лицемерие. Таа секогаш треба да ги поттикнува луѓето да размислуваат за светот на поинаков начин.“
2 comments:
Морњ шо си се распишал бе.. Ова одморов ептен ти се погодил а? :)
Убаво е додека трае. :-) До понеделник...
Post a Comment