Во неговиот пост за
самоубиството (дигресија: осврт од аспект на
ментално здравје) Волан вели:
Самоубиство по мене е израз на кукавичлук во немоќта да се избориш за своите цели на друг начин...
Не се согласувам дека самоубиството и страшливоста се секогаш поврзани. Иако во голем број случаи тоа може да биде така, сепак има случаи кога тоа може да биде и резултат на храбра одлука, во согласност со моралниот кодекс и совеста на личноста. Горната реченица ја поврзувам со познатиот цитат на Исак Асимов, преку ликот на Салвeр Хардин од книгата „Фондација“ (Foundation):
Насилството е последно прибежиште на неспособните.
(Violence is the last refuge of the incompetent)
На самоубиството може да се гледа како на крајна форма на насилство: непоправливо деструктивно однесување насочено кон себеси, а попат и кон другите. Овде и овде има опширни дискусии во врска со изреката, на англиски јазик. Од првиот и третиот линк, меѓу другото наидов и на два цитати од Ганди, во врска со насилството:
- Се спротивставувам на насилството оти кога изгледа дека со него се чини добро, доброто е само привремено. Злото што се создава на тој начин е постојано.
- Која е разликата за мртвите, сираците и бескуќниците, ако безумното уништување кое ги снашло е сторено во името на тоталитаризмот или во светото име на слободата и демократијата?
No comments:
Post a Comment