(1) Една другарка ми прати смешка по е-пошта. Смешката е во атачмент, оти ѝ била препратена од некој друг. Решив да видам колку адреси може да се соберат од хедерите на препратените пораки.
Заедно со моето, имаше пет препраќања, од кое само тоа до мене беше со примателите во „BCC“. Од претходните избројав 39 различни адреси. Оние кои одржуваат вакви синџири им прават огромна услуга на спамерите. Не е смешно.
(2) На прв поглед ептен ми се допадна идејата на „наградната игра“ на Он.нет и Магор, преку која доделуваат книги на луѓе што ќе им се пријават преку е-пошта.
Но, ме замисли тоа што во најавата не пишува што прават и што имаат намера да прават со така добиените лични податоци (име, презиме, е-пошта) и кои мерки на заштита на приватноста ги преземаат. Башка, методот на избор на добитници е сосем нетранспарентен. Не им пратив.
No comments:
Post a Comment