Зелените активисти не успеаја да ја придвижат пошироката јавност не поради тоа што не беа во право за проблемите, туку поради тоа што решенијата што ги нудеа не им беа привлечни на повеќето луѓе. Тие бараа стегање на каишите и намалување на апетитите, намалување на термостатот и живот како пониска алка од синџирот на исхрана. Тие ги отфрлија технологијата, бизнисот и просперитетот во замена за враќање кон поедноставен начин на живот. Не е ни чудо што целото движење имаше толку мал ефект. Да се бара од луѓето од најбогатите и најнапредни општества на светото да го свртат грбот токму на оние сили кои им го обезбедиле изобилството во најдобар случај е наивно....вели Алекс Николај Стефен во неговиот воведен текст за наредната зелена револуција (The Next Green Revolution) во мајскиот „Вајерд“ (14.05). Како конкретни примери се дадени
- Ал Гор (The Ressurection of Al Gore) и
- нео-зелените (Rise of Neo-Greens)
Ал Гор има направено документарен филм за глобалното затоплување насловен „Една незгодна вистина“ (An Inconvenient Truth) за кој трејлери и инсерти може да се најдат на „Ју тјуб“.
No comments:
Post a Comment