Блекаут

02 December 2006

Нема искачање вечер, време за толкиновска индоктринација

Прикажувањето на првиот дел на Господарот на прстените на А1 нуди извонредна прилика за воведување на глобалните културни придобивки во главните македонски општествени текови (мејнстриминг). Во најмала рака, увид во најновите инкарнации на романтизмот, што е сепак дел од општа култура.

Прикажувањето во дневната соба, на една од главните телевизии, со превод на македонски им овозможува на љубителите на Толкин да им ја објаснат убавината на сагата на своите роднини и пријатели, кои со години се чудат што мајка бараат нивните блиски киснејќи затворени во своите одајчиња по компјутерите, конзумирајќи пиратски снимки, игри, дивидија и слични производи на темата.

Или, како што би рекле Фродо и Гандалф пред да дојдат до мостот Кхазад дум, во пештерите на Морија:
Фродо: Посакувам прстенот никогаш да не дојдеше до мене. Посакувам ништо од ова да не се случеше.

Гандалф: Истото го посакуваат сите што живеат во зловреме, но одлуката за тоа какви се времињата не зависи од нив. Она што зависи од нас е што ќе правиме со времето кое ни е дадено. Има други сили кои работат во овој свет, Фродо, покрај волјата на злото. На Билбо му беше судено да го најде прстенот. Во тој случај, истото важи и за тебе. А тоа е охрабрувачка мисла. Ех, така некако.
Извор: транскрипт на сценариото. Има верзии со и без слики, за пофалба од аспект на употребливост.

2 comments:

Anonymous said...

Лани за нова година, кога го даваа на ХРТ, 3 саати се мачев со индоктринација на единствениот член на публиката кој го немаше гледано - мајка ми. Кутра жена, издржа и го изгледа цел филм, само мислам дека до ден денес не ги разликува Саруман и Саурон :-).

GoodBytes said...

Томе, цар си, се скинав од смеење.

Јас иначе случајно го начекав на сам почеток, па седнав и му сторив чест, догледувајќи го до крај. За мене голема работа, бидејќи ТВ речиси воопшто и не гледам, поготово не толку долга работа како што е филм.