Баравте, читајте! :-)
Благодарение на проф. д-р Драги Михајловски, на Порталот за македонски содржини објавени под Криејтив комонс во наредниот период (ќе) се објавуваат некои од неговите најпознати авторски дела, како и преводи на десетина драми од Шекспир.
Во моментов, достапни се драмите:
Од двете, Кориолан мене ми е поомилена, оти се базира на римската легенда за војсководецот Gaius Marcius Coriolanus кој наводно сменил страна, па имал патријахално-семејни проблеми. Легендата е еден од примерите за селективна интерпретација на историјата преку раскажување, една од темите на „Прашина“ од Манчевски. Драмата се базира на биографијата напишана од Плутарх.
А и темата на втората драма е поучна, особено во овие бурни времиња.
(слика: Проџект Гутемберг)
Доколку ви се допаѓа веста, промовирајте ја преку линк на вашите блогови или со гласање на Кајмакот.
1 comment:
Веста е супер, фала. Ќе гласам на Кајмакот. Само имам две добронамерни забелешки. Го ѕирнав линкот со текстот за професорот Драги и видов дека има печатни грешки во насловите на две дела. Едното е „Смртта на дијакот“, а не на дивјакот. А во „Мојот Скендербеј“, недостасува едно „е“.
Post a Comment