Пред некое време е објавена антологија на есеји во која разни аспекти на ТВ-серијата „Сопранови“ се разгледани од филозофски аспекти. На сајтот „Семејни вредности“ е поместен еден од нив (
I dunno about morals, but I've got rules), преку кој Роналд М. Грин анализира разни ситуации од серијата поврзани со моралот, етиката и вредностите. На пример:
Тони не само што е свесен за своите недостатоци, туку и се труди да ги контролира. Ова е најдобро покажано при крајот на епизодата (Commendatori) во која Тони, Кристофер и Поли одат во Неапол да ги разработат детаљите на операцијата за препродажба на украдени автомобили со тамошните соработници. Од многу аспекти, епизодата е студија за тоа како не се води бизнис. Поли поголем дел од времето го троши на курвање. Кристофер е толку издрогиран што при враќањето мора да купи италијански подарок за девојка му од фришопот на аеродромот во Њуарк. Од сите тројца, само Тони останува фокусиран на она што треба да се направи.
А тоа не е лесна работа. Аналиса Зука станала де факто шеф на неаполската фамилија како резултат на затворањето на мажот ѝ, како и сенилноста на татко ѝ. Таа е итра, прекрасна жена. Кога се наведнува да удри топче за голф, камерата (и Тони) се фокусирани на нејзиниот убаво обликуван задник. Но наспроти нејзините привлечности, Тони мора да обезбеди добра цена за возилата кои ги краде бандата од Њу Џерси. Овие сексуално набиени преговори кулминираат кога тие двајца сами одат на прошетка низ пештерата на пророчиците сибили. Аналиса објаснува дека сибилите можеле да предвидат идни настани. „Да бе, важи,“ прашува Тони „имаш претскажување за мене?“ Аналиса му кажува дека „не е проблем да го прочита“, дека тој е „својот најлош непријател“. Ова го провоцира Тони да каже дека Аналиса го потсеќа на некого од дома (претпоставуваме д-р Џенифер Мелфи), но Аналиса се обидува да погоди: „Не на жена ти. На девојка ти?“ Тони одговара: „О, имам девојка. Но да ти одговорам на прашањето – не. Не на неа.“
Разговорот ненадејно се врти во насока на сексот. „Но таа е некој што сакаш да го ебеш. Се гледа,“ вели Аналиса. Тони се обидува да го сврти муабетот, но таа упорно продолжува: „Не сакаш да ја ебеш? Не сакаш да ме ебеш?“
Тони одговара: „Да, сакам. Но не го стаам курот од кај што го вадам лебот“. Аналиса не го рабира. Нервозно смеејќи се, таа прашува „Ке коза?“ Кога Тони ќе ѝ преведе, објаснувајќи дека тоа е лошо за бизнисот, таа пламнува. „Оди си, оди си,“ вели, по што додава „не по тие цени“. Таа потоа нуди пониска цена за откуп на украдените коли.
Она што е исклучително за оваа сцена е дека Тони го задржува фокусот на работата, наспроти директните провокации да не го стори тоа, упатени кон неговото машко (мачо) его. Не само поради искушението од понудата на Аналиса за брз и валкан секс - веднаш, на подот на пештерата, туку и поради смислените провокации упатени на сметка на неговата мажественост. Антагонизиран од забелешката на Аналиса за нејзиното наводно супериорно психолошко знаење за него, Тони би го сфатил сексот со неа како природен начин да воспостави контрола. Аналиса го знае тоа. Таа можеби ја наместила целата ситуација за да го сврти вниманието на Тони од бизнисот и (буквално) да го омекне за крајната фаза на преговорите. Но покрај целата негова сексуална импулсивност, Тони не подлегнува. Преговорите завршуваат со цена за која Тони подоцна им кажува на колегите дека е двојно поголема од онаа што ја очекувал на почетокот.
Способноста на Тони да ги подреди личните желби на деловните потреби е еден одраз на неговата поширока способност да перципира и делува во насока на она што е најдобро за неговата организација. Над сè, Тони добро просудува за заинтересирани страни кои ги смета за релевантни. Способен е да ги идентификува нивните потреби и да одговори на нив на задоволителен и имагинативен начин. За разлика од неговите непромислени и нетактични колеги, тој не дозволува на неговите одлуки да влијае неговата суета и гордост. Всушност, како во сцената со Аналиса, Тони е често подготвен да ја жртвува својата слава за сметка на зачувување на важен однос или постигнување на поголеми цели.
Во есејот исто така има многу интересна анализа на Кристофер, чиј проблем е „генерациски. Пораснат во свет на телевизија,
видео-игри и широко достапни рекреативни дроги, тој е навикнат на константна стимулација и очекува моментно задоволување. За неговиот лик е сосем соодветно што го гледа светот низ призмата на филмот и видеото. (
D-Girl).“
No comments:
Post a Comment