Блекаут

11 August 2006

Проблемот на самоубиство

Како мој придонес на темата самоубиство, која ја има покренато Волан, го препорачувам текстот „Проблемот на самоубиство“ објавен на Агора (21.09.2002). Во него не се осврнувам на случаи на камикази, ал-каидци, бомбаши самоубијци и други кои се убиваат во контекст на војна, туку на фактори кои влијаат во „цивилство“, како околината, медиумите и слично.

Текстот поопширно ги разгледува главните митови (неточни ставови) за самоубиството:
  1. Луѓето кои зборуваат за самоубиство всушност нема да се обидат да се самоубијат.
  2. Самоубиствата обично се извршуваат ненадејно, без предупредување.
  3. Луѓето кои се обидуваат да се самоубијат имаат цврста решеност да умрат.
  4. Оние кои се обидуваат да се самоубијат остануваат такви засекогаш.
а ги пренесува и препораките на психолози за помош во такви ситуации:
  • Обрнете сериозно внимание на зборувањето за самоубиство.
  • Обезбедете емпатија и поддршка.
  • Расчистете што е клучниот проблем.
  • Предложете алтернативни решенија.
  • Искористете го сомнежот во одлуката да се умре.
  • Поттикнете барање професионална помош.

3 comments:

volan said...

Благодарам за доприносот на темата - сакав да видам за што се работи во написот „Проблемот на самоубиство“ - но линкот не работи ...

Инаку еве ако сум заборавил да ти честитам трите години на Блогирање - со овој коментар да ти ја честитам упорноста за јавно искажаните ставови за темите кои си ги третирал во твоите постови...

volan said...

Преку Гоогле успеав да го пронајдам и прочитам твојот напис чинам пишуван 2002 година.

Razvigor said...

Открив зошто не работел линкот - во веб-адресата стои и знакот ампресанд, кој Блогер во некои услови го претвора во соодветниот ХТМЛ-код и ја расипува адресата.

Написот е напишан нешто порано, но е објавен на 11.10.2002, на денот на официјалното пуштање на Агора „во погон“.