Арно ама, авторите на веб-сајтот оневозможуваат печатење на материјалите. Законите се снимени во ПДФ-формат со исклучена опција за печатење. Епа, не е право! Ниту правилно.
„Други падеж“ е и самата исклучива употреба на ПДФ-форматот, во комбинација со ненапредниот интерен пребарувач, кој ѕирка само во наслови, а не и во содржината на текстовите. Во некои случаи може да послужи екстерно пребарување со Гугл, особено ако му се нареди да зема предвид ПДФ-овци во напредните пребарувања, но сепак... не е тоа тоа. Еве неколку препораки од Јакоб Нилсен на темава:
- Open New Windows for PDF and other Non-Web Documents (August 29, 2005)
- Gateway Pages Prevent PDF Shock (July 28, 2003)
- PDF: Unfit for Human Consumption (July 14, 2003)
- Avoid PDF for On-Screen Reading (June 10, 2001)
6 comments:
По случаен избор го отворив овој закон во PDF формат, го снимив како PDF, го отворив со Adobe Reader и во File + Document Properties гледам дека печатењето е дозволено (што можеби е „пропуст“). Од друга страна пак, не е дозволено да копираш било каков дел од текстот, на пример некој член. :-(
Да, тој закон може да се печати, но на пример, овој не може.
Изгледа и активирањето/деактивирањето на таа опција одело по случаен избор... неконзистентно. Што е уште полошо, во некоја рака, оти морам на секое отворање да губам време во мислење што ќе се случи наредно, место да сум на чисто.
Со оневозможувањето за печатење - па и копирање на делови од закони - практично страната станува неупотреблива ...
Често пати имам потреба да критикувам некој закон ... или да дадам предлог за подобрување ... или да се повикам на некој дел од законот,кога коментирам нешто ...
И што ко последна будала треба да се убијам од куцање ... препишување на дел од закон ... со можност за грешно препишување ...
Навистина незнам која е идејата нешто да ставиш на интернет - а со самото ставање да не може да користат луѓето што доаѓаат на интернет страницата...
Дозволено гледање, ама не и пипање. Ко у давна времена - шеташ на корзо - гледаш добра женска ... и толку ... :)
Ja bom to lepo kvarc lampom skeniraual, am pak OCR-om cital kak pravi zagorec!
Значи Јован, прво со принт-скрин во Фотошоп да се спои во една гоолема слика, па таа да се сними и да се пушти низ Фајн ридер.
GSView преку GhostScript без проблеми ги печати и двата посочени документи (барем првата страница да не трошам џабе хартија).
http://www.cs.wisc.edu/~ghost/gsview/
А ни мене не ми е јасно зашто ако више го забрануваат печатењето на нивната подготовка на законите никаде на страницата нема таква напомена/забрана.
Post a Comment