Вест, во написот „Нудизам и во Македонија“ (од пред две години) навестува дека има: „Меѓу домашните туристи познати се локациите кај Охрид и Струга кои важат за сврталиште на љубителите на нудистичкиот туризам.“И наместо жена да не може на јавно место да се соблече топлес, оти одма ќе грабне некој да ја слика за во весник како куриозитет (фрик!), или водители од радио емисии да ги гњават несоблечените дали би се соблекле, оти кај нас треба храброст за да се соочиш со опасноста од горенаведеното нарушување на приватноста, а и непријатно е ако ти се соберат пазачи да те буљат, оти има луѓе за кои и здогледување на танга е подвиг што се прераскажува у маало... Некои од нив од тоа прават и пари, како Вечер и Алиби минатата година, кои (без претходна дозвола?!) фотографираа луѓе по плажи и бираа „мис“ и „мистер“.
Сепак, такво навестување нема да најдете на националниот туристички портал. Таму се нудат цркви и џамии, селски и „еко“ туризам - каков бе „еко“ туризам у ова ѓубриште на секој чекор?!
Мал совет до идниот раководител на секторот за туризам (Фуфо, или кој и да е): Наместо гробишта и археолошки ископини, под итно да ставите фотографии од некоја дива нудистичка плажа!
Викендов бев на Љубаништа и Градиште - на првата плажа имаше дури една жена топлес, а на втората буквално купишта ѓубре до луѓето што лежеа како фоки на гола земја, валкајќи се со пешкирчињата во правта. Да лежиш на чакалот од тие помалите плажи е демек, привилегија.
На ниедна од плажите немаше нешто што во земји со развиена понуда е нормално - лежалки и чадори за сонце обезбедени на лице место, дури и таму каде што е уживање да се препелкаш во ситниот, бел и чист песок.
А за на дивите плажи, од локални извори имам чуено дека е добро ако веќе решите да се сунчате голи, буквално да се понесе и огнено оружје да стои на увид на пазачите кои поминуваат со кајчиња и сакаат да се задеваат.
3 comments:
Фотката со фоките е закон!
Поентата е прилично фокализирана :)
Nu Life - добродошлице свима и позивамо Вас да посетите нашу страницу на нудизам! Е-маил ус!
http://www.nulife.site88.net/chern.html
Nu Life - сада имамо блог о нудизам! Добродошли, придружите!
http://nulifenarodru.blogspot.com
Post a Comment