- Хрватска (www.croatia.hr) и
- Црна Гора (www.visit-montenegro.org)
Конечно успеав да ја видам рекламата - еднаш. Во периодот додека го гледав тој канал, поминаа десетина реклами од Хрватска, барем по три-четири од Грција и Црна Гора, две од Кипар, Египет... Државите со изграден туристички бренд немаа сајтови во рекламите, но оние кои допрва се пробиваат на пазарот имаат - освен нашата.
Македонската реклама изгледа прилично неефективно, особено во споредба со грчката, која блика од млади убави жени и мажи кои весело танцуваат и се забавуваат (сексот продава!). Наспроти неспорно поголемото влијание на ГПЦ во Грција во споредба со МПЦ+ИВЗ во Македонија, во грчкиот спот немаше ниеден верски објект. Дури ни манастирите во Света Гора, или Метеори. Неслучајно.
Нашиот спот по концепција е најсличен со црногорскиот, со пејсажи и градби (кај нас претежно верски објекти), но далеку посиромашен со убави и разголени млади, со видливо отсуство на жени. Зошто!? Зар рекламните агенции кои докажаа дека не го есапат интернет како медиум, исто така не го разбираат концептот на фотогеничност?
Можеби целна публика на спотот се аџии? Зар Македонија ќе им конкурира на Израел и Саудиска Арабија, неспорните гиганти во овој вид туризам? Дури и Италија, со Рим - центарот на западноевропското христијанство, немам забележано дека игра на картата на црквите како примарен адут при туристичкиот маркетинг.
1 comment:
А да се вратиме на есецијалното прашање. А што тоа точно ние сакаме да понудиме на светскиот пазар на туристички понуди?
Одговорот на тоа прашање ќе го даде потребниот фокус на PR-от кој мора да биде многу посеопфатен отколку еден спот. Мора да вклучува сајтови, мултимедија, музика, брошури, видео спотови, брендирање, аудио-спотови. Но верувајте тоа е ама апсолутно најмалиот проблем. Дури и парите за таа кампања (биле пола, еден, пет или 100 милиона). Проблемот е тоа што искрено не можеме да одговориме на горенаведеното прашање.
Post a Comment