Денес за првпат го посетив новиот македонски „забавен портал“ наречен Мотика. Содржините и уредувачката политика се веќе видени на десетици слични клонови на Он.нет, кои најчесто работат со преземени содржини и идеи, а се претставуваат како оригинални ненаведувајќи извори и сл.Она што ми го привлече вниманието е дека „со гордост“ ја претставуваат „првата македонска флеш игра“ - Парламентарни избори 2006. Проклетството на мали средини (во културна смисла) е дека многу нивни припадници сметаат дека светот започнува од нив, а после нив оди потоп. Да се фаќаат во лага е еден вид егзорцизам.
Десната илустрација е преземена од стрипче на Татсуја Ишида.
No comments:
Post a Comment