Блекаут

13 March 2006

Дигимак, нов портал - што есапи блогови

На големото и помалку инцестоидно семејство на македонски забавни портали (во поширока смисла на зборот), се придружи уште еден член - Дигимак.

Дигимак изгледа како дете од брак на Он.нет и Маседониа срч - од појас нагоре на едниот родител (написчиња за сеир и трач), а од појас надолу на другиот (линкови создадени од фидови со вести и блогови). За ова последново, мора да му се оддаде признание.

Инаку, интересно би било да се направи семејно стебло на порталското семејство, според датумот на основање и карактеристиките. Под „портали“ кај нас се подразбираат веб-сајтови што претежно се полнат со преземени содржини, во вид на куси написи или линкови, како (по азбучен редослед) Ајвар, Алиби, Иди види, Кајгана, Преспа скај, Стајлс-лајф, Таратур, Ти реков, ми рече, Точка, Фор фан, Шкупи... кои други беа?

Препорака до Дигимак: странски имиња во текст на македонски јазик се пишуваат како што се изговараат, со евентуално ставање на оригиналот во заграда по првото појавување во текстот. На пример, вака: „Анџелина Џоли (Angelina Jolie), која важи за силна и независна жена...“.

No comments: