Блекаут

15 February 2009

Еволуција во обратна насока

devolve meОд написот „Деволуирај се!“ од Нова Македонија дознав за веб-апликацијата за обратна еволуција на британскиот Отворен универзитет преку која може да искористите ваша фотографија за да добиете како би изгледале во улога на некој човеков предок.

Софтверот е многу лесен за користење и користи техника на морфинг која ја комбинира вашата снимка со елементи од ликот на хоминиди како Australopitecus Afarensis или Homo Erectus.

Придонесувам со неколку идеи за слични апликации за кои има побарувачка на македонскиот и околните пазари, а може да се употребат и како основа за оние фотографски скаламуции нацртани на картон или даски, со дупка за вметнување на главата. Кликнете за поголеми верзии.


Александар и Букефал во нивниот најславен момент, според филмот на Оливер Стоун

Неразделни другари: Хефајстион и Александар

3 comments:

Shepard said...

секоја чест :)

Anonymous said...

http://www.taratur.com/node/7712
;)

Развигор said...

Инако, хомо хајделбергенсис е најблизок на архаичниот хомо сапиенс чии остатоци се најдени во пештерата Петралона во Егејска Македонија, денешна Грција.