Прво су настале амебе, па Јевреји.Она што ми пречи кај ваквите проекти е:
Па су Срби дошли из свемира.
Па тек су ондак Хрвати дошли из Перзије!
- тоталната произволност на „фактите“ - како можело да знаат дека зборот Македонија се користел пред 7000 години кога тие луѓе немале технологија за запишување на зборови?
- дополнета со благ плагијаризам - кој денес живее како во камено време? „Бушманите“ (поточно, народите Сан) од Јужна Африка. Значи, дел од фустаните на праисториските „Македонки“ треба да бидат „реконструирани“ по сеќавање на народните носии од серијата „Шака Зулу“, без да кажеме од кај ни се.
- а највеќе неоригиналноста во пристапот на „национализирање“ на преисторијата, обидувањето да се имитираат „успесите“ на „поголемите“ националистички заедници од соседството.

Апсурдноста на „елинизацијата“ (како и на „македонизацијата“) на ваквите праисториски наоди е повеќекратна:
- Низ Европа, од Грузија до Шпанија се најдени остатоци и од далеку постари хоминиди, „Првите Егејци“, без разлика на тоа која денешна етничка и национална припадност би им се препишала, не се и првите Европјани.
- Постојбината на сите хоминиди е Југоисточна Африка, од каде повремено и постепено мигрирале на други континенти, одејќи пешки. Чунови и бродови се релативно нова технологија. Освен ако нивото на Средоземно Море не било ептен спуштено, Европа најверојатно полека се населувала од Блискиот Исток преку Кавказ, одејќи околу Црно Море, а не преку Балканот.
- Петралонциве во најдобар случај биле предци на неандерталците (Homo sapiens neanderthalensis), претпоследните Европејци. Нашите предци, односно предците на сите денешни живи луѓе (Homo sapiens sapiens), дошле од Африка пред неколку десетици илјади години и веројатно им ја пресекле лозата со истребување.
2 comments:
http://youtube.com/watch?v=DBT-YvVEdRE
Се согласувам, ама па затоа и се вика местото камени г.мна (ем г.мна ем скаменети и уше карта 5-10 евра ќе ти наплатат да ги видиш)
Post a Comment