Блекаут

29 May 2006

Среќата, парите и превозот поврзани со покомплицирана формула

Комбинирајќи ги мудростите од македонската народната поговорка „среќата со пари не се купува“ и наводната еврејска народна клетва била „да имаш па да немаш“, Вуна укажува дека задоволството од животот не зависи само од стандардот, туку и од други параметри, кај кои голема улога игра перцепцијата.

Тој нагласува и дека во бившите социјалистички земји е забележана „далеку пониска сатисфакција отколку што би требало да имаат со моментните економски состојби“.

Можеби има врска со тоа што населението на времето се чувствувало позадоволно. Можеби има врска и со видливоста на сиромаштијата, за која зборува Волан:
Дали е сосема случајно тоа што бројот на нерегистрираните возила се движи околу бројот на невработени. По мене не е. Кој е будала да не сака да си го регистрира возилото и на раат да го вози низ улиците.

Сите треба да сватиме дека ако комшиите и пријателите ни се невработени а со тоа и сиромашни и ние еден ден ке станеме такви. Тоа се шири како заразна болест. И нема крај.
„Мечка ако игра у комшии, ќе игра и у куќа“ - народна поговорка која укажува на фундаменталната поврзаност меѓу луѓето во заедницата. А денес живееме во глобална заедница, без разлика на тоа дали си го признаваме тоа или не. Всушност, од секогаш било така - оние кои свесно или несвесно го блокирале дотурот на информации до своите заедници успевале само да ги претворат во лузерски.

Донт вори, би хепи. Во „Третиот камен од Сонцето“ утврдија дека успехот кај жените зависи од тоа каква кола возиш.

Арно ама, горивото се купува со пари. По скок од 2.5 денари, и пад од еден, па уште два денари, државата ги врати цените од прилика на ниво од 3 мај 2006. А и таа цена беше последица на неодамнешно поскапување... Али - немој да бригаш, живот се стара!

Овој месец имавме едно поскапување и две поефтинувања. Значи, една негативна и две позитивни работи - перфектно за публика со скратен опсег на внимание која е незаинтересирана за математика. И ете како се учи среќа... А не оној Орвел, песимист во „1984“ тврдеше дека било храброст да утврдиш дека „2 + 2 = 4“.

Ах, да... нели според приказната „најсреќниот човек“ немал ни кошула, а според Новиот Завет токму сиромасите треба да се стрпат, оти ќе влезат во Царството Божје додека богатите ќе мора да чекаат камила да помине низ иглени уши. Споредете со анализата на пропагандни пораки на Толкин од Дејвид Брин.

1 comment:

GoodBytes said...

Досега најубава и најлаконска формулација на среќата која јас сум ја чул е:

„Среќата е непотреба од акција“