Блекаут

05 November 2006

Опасност за приватноста со Фајерфокс

Доколку новиот Фајерфокс не го затворите преку копче во неговиот прозорец, туку автоматски со гаснење на компјутерот, наредниот пат кога ќе го пуштите ви се појавува прашање дали сакате да ја продолжите претходната сесија (Restore Previous Session).

Арно ама, ако речете да, тогаш ги продолжува и сесиите на веб-мејл и сличните сервиси од кои не сте биле одлогирани во моментот на гасење. Со ова се отвора можност ако истиот компјутер го користи друга личност, да има пристап до вашите приватни работи.

За жал, во подесувањата на Фајерфокс не најдов како може да се исклучи оваа опција.

1 comment:

Anonymous said...

Треба малку копање по mozillaWiki :). Еве што најдов набрзинка:

- во about:config на firefox, додај (rightclick, new, boolean) нов клуч browser.sessionstore.enabled (boolean), со вредност false. Ова значи дека после секое насилно гасење firefox се понаша како Џејсон Борн :)

- другата помалку драстична вредност е browser.sessionstore.resume_from_crash (boolean) - ми се допадна како работи со оваа опција.

Е сега, не навлегов многу околу зачувувањето на овие опции итн. (сепак е недела :).
Сорс -
http://wiki.mozilla.org/Session_Restore. Не знам дали написот е баш за 2.0 ама пробано, работи.