Блекаут

24 November 2006

Демант за „Форум плус“: не е Влага, туку Улага во Вратница

Во најновиот број на „Форум плус“ (бр. 60 од Александар Писарев има објавено прекрасен напис за с. Вратница. Меѓу другите, во написот се зборува и за мојот роден тетин Драго, чие крстено име е Карло Улага. Во тој дел се направени неколку ненамерни грешки, на кои ќе укажам директно преку поправки во цитатот:
Влеговме во дворот и во куќата на Словенецот Карл Влага Улага од Марибор. Го прашав: „Од каде вие во Вратница?“, а тој ми рече: „Во раните шеесетти години во Македонија немаше хемичари и јас дојдов во Југохром како стручњак, млад хемичар. Тука се оженив со Трпана од Вратница Јегуновце, се вљубив и во неа и во селото, па решив тука да останам да живеам. Јас сум восхитен од овој крај и од убавината на ова село. Сега сум во пензија и уживам собирајќи печурки“.
На сликата (од лево кон десно): тетин Драго и Стојче Крстевски.

PS
Презимето е истото како на скијачот Примож Улага - но не се блиски роднини.

No comments: