Блекаут

09 November 2006

Македонските блогови во „Соѕвездија“ на ТВ Телма

Вечерва од 21 часот во емисијата „Соѕвездија“ на ТВ Телма беше прикажан и прилог за поврзаноста на македонските блогови и културата.

Фото: Развигор

Во емисијата зборувме јас и Дарко Булдиоски (на сликата), а на екран беа прикажани и веб-сајтови, како Маседониа срч и Дигимак, а особено блогови, како Археолошки дневник, ВББ, .аНТИ, Вуна, Букарски, М-соулз и неколку други...

Скрин-шотови: Волан

Репризи - ноќеска во 1:30 и утре во 10:30 часот.

4 comments:

Anonymous said...

Ајде ќе ја гледам репризата.. и уште нешто. Друг пат, кога ќе ве канат по телевизии тебе и Дарко, предложете му други блогери како гости.. Не за друго, него да не си мисли јавноста Македонска дека има само двајца блогери, а другиве се фикција :)).
Поздрав

Anonymous said...

Ја не гледав, а тешко и дека ќе гледам, ве молам кажете ми колку лош настап имав пошто мене нешто не ми се направи мерак она што го кажував.

Рибаро имаш право за коментарот, треба да се појавуваат и други, особено кога има некои конкретни теми како оваа, ама пусто новинарско знаеш како е секогаш одат по линија на помал отпор (како и сите ние) и кога ќе научат дека на некоја тема изјави дава еден човек не се ни обидуваат да побараат друг.

Јас ветувам дека во иднина ќе се обидам да влијаам да се смени оваа пракса барем кога станува збор за блоговите

Anonymous said...

Добро бе никој не гледал или го мрзи да кажи? Дарко, добри бевте двајцата, мислам дека бевте малку не енергични но веројатно лошо ве измонтирале. Коментарите на „водителката“ беа во стилот: блоговите во служба на порталите и малку не искара нас блогерите као: да бидиме сериозни ако го сакаме своето место на нет. Во основа ич не ме бендиса нејзиното кажување. Или мене така ми се виде?!? Шо знам, го гледав реприза, некаде кај три сабајле, можи и то да има влијание.

Anonymous said...

Јас го имам на vhs и го гледав дури вчера. Искрено очекував да звучам полошо, ама задоволен сум ;)

мене ме снимија после работа, па претпоставувам заморот доаѓал од таму а и плус неекако ладно ко да ми беше во просторијата :)

Се на се, мислам дека немаше грешки во прилогот што го прави добар, а за ставот на новинарката немам што многу да коментирам, можеби е добро да не караат малку нас блогерите пошто ние нон стоп ги караме новинарите :))