На 24 ноември на Википедија осамна известување дека англиската верзија има 1.500.000 написи, „точно два месеци откако постигнале 1.400.000“.
Се согласувам со Томислав Медак и Марсел Марс од Мултимедијалниот институт од Загреб кои на работилницата за интелектуална сопственост на конференцијата е-Општество.Мк изјавија дека појавата на Википедија ќе зазема високо место во историјата на науката и знаењето воопшто, рамно на она што го држат разни генијални умови.
Kолку е тоа милион и пол написи? Па, ако ви требаат само пет минути да прочитате еден напис, ќе ви требаат скоро петнаесет години непрестајно читање за да ги испрочитате сите.
No comments:
Post a Comment