Блекаут

11 November 2006

Падот на комунизмот и Алан Форд во него

Вчера во Бугарија некои ја прославуваа годишнината од падот на комунизмот (10.11.1989). Луѓето си имаат и точен датум, оти кратко време по паѓањето на Берлинскиот ѕид, бил официјално симнат од власт Тодор Живков...

Коинцидентно, во трафика наидов на ново издание на десеттата епизода на Алан Форд - „Формули“ на српски (Magnus & Bunker, „Formule“, Alan Ford Special, br. 17, ISSN 1820-5178, оригинално објавена во јануари 1970 година) за која во поговорот пишува дека иако требало да се појави и кај нас (на хрватски) некаде на почетокот на седумдесеттите:
...заради скокотливата тема во која авторската двојка се зафркава со тогашниот СССР, владеењето на пролетеријатот и работничката класа, но и поради ликовното решение на главниот руски шпијун - Бруски (за кого тогашните издавачи утврдиле дека со ликот потсетува на Јосип Броз) оваа епизода на нашите простори се нема појавено сè до мај 1990 година. Тогаш, после падот на разноразни стеги и цензури, конечно се појавува во тробројот на „Вјесник“.

Во онаа бивша Југославија нејзиниот комунистички режим ни стрипот го немаше поштедено од цензура, па и тој како и книжевните и ликовните дела, филмските остварувања и уште многу други нешта, минуваше низ рацете на ткн. „цензорски комитети“ кои му ја кроеја судбината. Секако, цензурата не го заобиколи ни стрипот Алан Форд во кој беа преправани одделни кадри, се вршеле интервенции на цртежот, корекции во текстот, а дури се применувал и наједноставниот метод - исфрлање на цели страници или слики! Баш таква судбина ја снајде и оваа епизода...

Иронично е што овој стрип на Запад доживеал бојкоти поради исмејувањето на капиталистичкиот систем (особено власта и богатите) доживеал да го забранат и на Истокот, штом отровната стрела на Магнус и Бункер се насочила кон неприкосновените бољшевичко-пролетерски односи.
Не сум изненаден, оти цензурата не зависи од тоа дали системот е „лев“ или „десен“, туку дали општеството е отворено или склоно кон тоталитарност.

1 comment:

Фројд. said...

Колку ли само сум изгубен у поглед на комунизмов... стварно, човек не знае што да мисли. Светот го прогласува за Непријател бр.1, а ние славиме и со солзи у очите се потсетуваме на еден од нaјславните синови - малечкиот Јоже

Шо да мислам сеа?

:(