Блекаут

21 November 2006

е-Општество.Мк: Лаптопите на Метаморфозис се со дуал бут ;-)

Заедно со добриот впечаток, Игор Стаматовски има една замерка во врска со конференцијата е-Општество.Мк:
Денот 1 од конференцијата ми беше навистина интересен и возбудлив. Организацијата беше добро изведена до страна на Метаморфозис, со исклучок на тоа дека лаптопите беа со инсталиран Windows, а организацијата тврди дека се промотори на слободен софтвер. Тоa им беше кикс.
Метаморфозис го промовира слободниот софтвер, поттикнувајќи и негова локализација, дистрибуција, јакнење на јавната свест, како и ширење практични знаења за него. Но не гледам зошто тоа мора да биде поврзано со исклучивост. Според мене, развојот на информатичко општество не се базира на догматски пристап, туку на флексибилност и примена на решенија кои најмногу одговараат во дадениот момент.

На пример, да го објавевме ЦД-то со слободен софтвер „Заврши си работа“ во верзија за Линукс, мислам дека немаше да има таков успех кај широката публика која претежно користи Виндоуз. Вака овозможивме ширење на слободен софтвер кај неколку илјади нови корисници, кои исто така станаа активни учесници во движењето, вложувајќи сопствени ресурси преку плаќање на симболичната цена.

Инаку, лаптопите на Метаморфозис кои се користеа за презентациите се со дуал бут - лиценциран Виндоуз и Убунту Линукс.

PS
На веб-сајтот од конференцијата е-Општество.Мк континуирано се дополнуваат фотогалериите, а веќе е ставена онаа од сесијата во која учествуваше Игор како претставник на Слободен софтвер Македонија, овозможувајќи афирмација и промоција на самата организација.

2 comments:

Anonymous said...

Хех, не ми се верува вакви муабети по блог... ама ајде. Колку што ми текнува laptop-ите кои беа во собата каде што беше workshop-от за слободен софтвер беа windows-only, па за да биде нешто линукс достапен се ставаа live cd-а.

Имало и други laptop-и на конференцијата, различни од овие?

Развигор said...

Да, тие лаптопи за работилницата не беа истите кои се користеа на пленарната сесија за презентации, туку ги позајмивме дополнително и специјално. Употребата на лајв-ЦД-а беше одличен начин да се покаже на луѓето кои не виделе Линукс пред тоа дека не е баук за нивните компјутери.