Блекаут

22 November 2006

Што да правите ако по е-пошта ви стигне winmail.dat

ТандербрдАко како мене користите Тандербрд и ви се случи како атачмент да добиете еден чуден фајл winmail.dat, за кој Виндоуз ви препорачува да пробате да го отворите со Корел дроу, имајте го на ум следното:
Кога корисникот на Аутлук (Outlook) составува и праќа порака со користење на форматите Рич текст или ХТМЛ, Аутлук автоматски генерира датотека со име winmail.dat и ја закачува на крајот од пораката. Оваа датотека содржи информации за форматирањето во формат кој не може да се чита од луѓе, кои Аутлук ги користи при примање на таква порака за соодветно да ја прикаже пораката. За жал, Аутлук е единствениот клиент за е-пошта што може да ги користи овие информации.
Решение: искористете ја програмата WMDecode, која може да ја симнете од www.biblet.com.

No comments: