Блекаут

21 November 2006

Објавен Индексот на граѓанско општество, прво во е-форма

Пред малку ми стигна известување дека МЦМС го објавил Индексот на граѓанското опстество во Република Македонија (ИГО):
„По 15 години транзиција-од стабилизација кон граѓанско учество” е насловот на македонскиот извештај што можете да го најдете на www.mcms.org.mk; www.gragjanskisvet.org.mk, на македонски јазик и на www.civicworld.org.mk и www.civicus.org/new/CSI_country_reports.asp на англиски јазик.

Граѓанското опстество во Македонија во моментов се приближува кон крајот на својот период на стабилизација. Изградено околу силни вредности, граѓанското општество, дури и ако се базира на ограничена граѓанска поддршка, е вкоренето во некои опстештвени групи (жени, лица со посебни потреби, млади), и игра важна улога. Граѓанското општество треба да се гради на овој успех и да се обидува да го прошири граѓанското учество во своите иницијативи. Овде, граѓанското опстество ќе мора да одговори на два клучни социјални проблеми – борбата со сиромаштијата (невработеноста) и корупцијата.

No comments: