Првото е директно копирање на искрениот маалски стил на Турчинот Махир Чагри кој стана светски познат благодарение на смешноста на неговиот недоучен англиски јазик, при неговотo барање пријатели низ светот преку интернет.Арно ама, додека бившите комунисти, скоевци и пионери си ќутат, Махир страјкс бек. Во интервјуто за Вајерд (Mahir to Borat: I Sue You!), го повторува мојот горенаведен став и вели дека ќе го тужи Коен.
Второто е тоа што главниот тек на хипер-политички коректната јавност во САД и ЕУ дозволува еден исклучок при спроведувањето на непишаната забрана за стереотипизирање врз база на културниот идентитет: во случајот на луѓе од бившиот комунистички блок.
Јас да сум уредник на македонски весник, би пратил новинар да направи интервју со две личности:
- Махир, разбира се. Сигурно одговара на е-пошта преку неговиот веб-сајт.
- Есма и Кочани оркестра, за тоа што мислат за филмот со кој се афирмираат нивни песни и дали добиле пари за тоа.
- Кај две, таму и три - истражувачка сторија за каде е сега Васка, девојката што изворно ја пееше „Едерлези“ во „Дом за бесење“ и која учеше во моето о.у. „Васил Главинов“ од Топанско Поле.
No comments:
Post a Comment