Арно ама, истражувањето од 2004 ги има дадено следните резултати:
Во која мера го познавате англискиот јазик? Само 23,8% се со активно познавање на англискиот јазик (разбираат, читаат и пишуваат)...додека на прашањето „дали недоволното познавање на англискиот јазик го чувст-вувате како хендикеп (недостаток) во користењето на компјутерите?“:
Дури 2/3 (68,6%) од сите анкетирани одговорија потврдно, а само 22,3% негативно (9,1% не знаат). Притоа, не може да се издвои ниту една категорија според социо-демографските карактеристики на која тоа не ѝ пречи. Оттука, не изненадува што голем процент од граѓаните сметаат дека компјутерските програми (софтвер) треба да бидат достапни и на македонски јазик. Овој став го делат 59,5% од анкетираните, 25,8% сметаат дека е добро компјутерските програми да бидат достапни и на македонски јазик, иако незадолжи-телно, а само за 7,2% тоа не е потребно (7,5% не знаат).Токму затоа, како што пишав во коментарот на постот на Вуна, покрај активностите за локализација:
Метаморфозис има подготвено упатство за Опен офис на македонски јазик во форма на печатена книга и е-книга. Во електронска форма може да се добие бесплатно (лиценцирано е под Криејтив комонс 2.0) и е ставено на ЦД-то „Заврши си работа“, а во печатена форма по поволна цена на ниво на трошоци за изработка (тел. 02/3109 325) - и поефтино од фотокопирање.
No comments:
Post a Comment