Блекаут

07 November 2006

Катедралата во Ечмиаѕен + Гугл видео наспроти Ју тјуб

При посетата на катедралата во Ечмиаѕен, седиштето на поглаварот на Eрменската Апостолска Црква направив кратко видео-клипче со ентериерот на црквата. Според Ерменците, нивните цркви не се многу накитени заради нагласување на духовното над материјалното, па и главната катедрала не е исклучок. Ерменското кралство прво во светот го прифатила христијанството како државна религија во 301 г., десет години пред Рим/Византија.



Клипчето е во форматот за мобилни 3gp, и не беше проблем да се качи и на Гугл видео и на Ју тјуб. Обата сервиси прават автоматска конверзија, со следните разлики:
  • На Гугл видео клипот е достапен јавно веднаш, на Ју тјуб се чека подолго време.
  • Од оригиналната големина 176х144 пиксели едниот го шири на 400х326, а другиот на 425х350.
  • Кај Ју тјуб е полесно да се види пермалинкот, а и кодот за вметнување е подостапен, нема потреба од дополнително кликање.
  • Гугл видео има копче за автоматско вметнување на видеото во блог, кое бара да внесување логин и лозинка за блог-сервисот, а потоа не прави ништо.

1 comment:

GoodBytes said...

... нивните цркви не се многу накитени заради нагласување на духовното над материјалното...

Тоа е карактеристика на православните храмови воопшто - фреските и иконите кај православието прикажуваат слаби, испиени луѓе, додека католиците здрави, зацрвенети. Освен тоа, православните цркви и манастири се скромни во споредба со накитените и осветлени грандиозни католички храмови. Православието повеќе ја акцентира внатрешната убавина, во споредба со надворешната кај католицизмот.

Можеби најубав пример во светот за ова филозофско разидување меѓу двете водечки христијански религии е катедралната црква Св. Софија во Охрид, која има фрески сликани пред и по расколот (градена е неколку века).