Блекаут

16 November 2006

Голем интерес за конференцијата е-Општество.Мк

Искуството од првите два дена на меѓународната конференција е-Општество.Мк е дека има огромен интерес за темите од информатичкото општество што ги покрива. Беше поставен систем за регистрирање преку интернет и повеќето од пријавите во Метаморфозис ги добивме на тој начин. На конференцијата се пријавија над 350 учесници, од кои 250 во рокот.

Оние што се пријавија по истекот на рокот не беа одбиени, туку исто така можеа да земат учество во пленарните сесии, но не и во работилниците кои се одржуваат во помали групи во текот на утрешниот ден. Овие два дена на секоја од сесиите учествуваа буквално стотици луѓе и добив доста коментари дека благодарение на настанот можеле да научат многу нови работи или да воспостават контакти.

1 comment:

Anonymous said...

Јас сум еден од учесниците и вистина е дека благодарение на конференцијава научив поприлично нови работи. Ем башка дружењето е неизбежно :)

Ви благодарам на Метаморфозис и на тебе што сум дел од овој позитивен настан. :)