Блекаут

29 November 2006

Стамбл апон: изненадувачки ефективен при промоција на блог

Како што веќе известив, за викендот отворив нов блог посветен на научната фантастика (на англиски) за да го тестирам Блогер ин бета (и затоа што се интересирам за областа, секако).

Според неговиот Сајт митер, вчера блогот имаше над илјада посети. За промоција на блогот ги користев следните техники:
  • известување преку Стамбл апон - кое се покажа исклучително ефективно: повеќето од реферерите беа/се од овој сервис
  • известување преку Диг - мал процент од посетите се со реферери од овде, но сепак сметам дека има голем потенцијал
  • известување на администраторите на Маседониа срч и Дигимак за отворањето на блогот - ефект неопределен
  • ставање на линкот во блогролот на обете верзии на Развигор и на СНД - минимален ефект.
Мислам дека голем удел во успехот има јазикот на блогот, оти благодарение на него повеќе луѓе можат да ја прочитаат содржината, да им се свиди, па да го препорачаат.

И покрај тоа, мислам дека има голем потенцијал ако се зберат македонските корисници и на Стамбл апон и на Диг и се организираат и координираат за заеднички промотивни активности, некој вид македонско лоби за социјален нетворкинг. Влијанието потоа би се ширело на нивните странски пријатели или истомисленици и пошироко. Пишете коментар на постов или мејл ако сте заинтересирани за учество во таква иницијатива.

1 comment:

GoodBytes said...

Со мало задоцнување: јас сум ЗА.