Блекаут

28 November 2006

Тестирање на Блогер ин бета со отворање нов блог - SF Observer

За да ја тестирам новата верзија на Блогер (Blogger in Beta) отворив нов блог посветен на научната фантастика, на англиски јазик (Science Fiction Observer). Новиот систем нуди неколку предности, а ги задржува сите особини на стариот:
  • елементите на дизајнот на блогот може модуларно да се вадат и ставаат по список, со нивно вклопување во избран темплејт
  • има можност за категоризирање на постовите преку тагови, ткн. лејбели
  • корисничкиот интерфејс е редизајниран да биде по „јузер-френдли“ и да изгледа „поубаво“
  • сепак може да се чепка во кодот и тој да се прилагодува рачно
Вкупниот впечаток ми е исклучително поволен. Кога ќе има можност, веднаш ќе ги префрлам постоечките блогови од стариот на новиот Блогер. Има задршка за блогови со голем обем и во други случаи.

PS
Помогнете во промоцијата на блогот за научна фантастика и сродни работи со тоа што ќе ставите линкови до него(вите постови), од вашите блогови или ако сте член/ка на Стамбл апон или Диг (за Хајлендер и Амбер, Матрикс и Дина, Меланхоличните слонови и авторските права).

2 comments:

Photo Volan said...

За темата имаше свој пост пред некое време и Пантареи ....

Anonymous said...

Одличен блог Филип. Баш го читав неќна.