Блекаут

08 March 2006

Промоција на „Најди!Книга“ - нов сервис за пребарување

Метаморфозис известува дека:

Во четврток, 9 март, 2006 година, во просториите на НВО Инфоцентарот, со почеток во 11:15 часот, ќе се одржи промоција на интернет сервисот „Најди! Книга“ кој нуди пребарување на севкупниот текст на македонски печатени книги.

Интернет-сервисот „Најди! Книга“ ќе го промовира креаторот на македонскиот пребарувач Најди!, Петар Кајевски, а ќе бидат присутни и проф. Зоран Велковски, проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставници на повеќе истакнати македонски издавачи, како и претставници на Фондацијата Метаморфозис.

Според инсајдерски сознанија од Најди!, ова е веројатно единствен сервис надвор од САД (print.google.com) кој овозможува бесплатно пребарување на текстовите на најнови печатени книги.

No comments: