Општо е познато дека дури и изгледот на географските карти го отсликува доминантниот светоглед на културата во која се произведуваат. Така на пример, во САД се користат мапи во кои Америките се во централно поставени, а не како кај нас, Европа.
Друг пример е што често користената меркаторова проекција (Mercator projection) гo изобличува изгледот на земјите во полза на посеверните. На пример, според ЦИА (World Factbook), Франција има копнена површина од 545.630 km2, а Египет 995.450 km2. На „обична“ мапа на светот, тие изгледаат приближно еднакво, иако површината на втората земја е скоро двапати поголема.
Ворлдмапер користи цилиндрична проекција со еднакви површини за појдовната мапа, која ги прикажува државите според површина:
2 comments:
Деконструкцијата на „мапирањето“ е клучна за растемелувањето на евроцентризмот, и другите центризми.
Доста интересно. Ме потсети на картите од среден век.
Ова всушност покажува во колку заблуди живееме и колку работи сме прифатиле чисто онака, бидејќи „научниците“ ни кажале дека така е.
Таа поточната карта изгледа толку многу погрешно. :)
Post a Comment