Блекаут

23 March 2006

Културната енергија на блоговите и... панкот

Продуцентката и писателка Џејн Хамшер пишува на Фајaдоглејк:
...Светот на блоговите го оддава истиот впечаток како панк-сцената од седумдесеттите и тоа од исти причини.

Музичката индустрија во тоа време беше надуена, на крај на силите и неповрзана со публиката. Директорите на издавачките куќи беа зафатени со купување часовници Ролекс за РЕО Спидвагон и со плаќање милионски суми за Казабланка рекордс и никому не му беше гајле. Нив сосем ги ужасна кога чуја дека децата плаќаат по 3 долари за билет за добротворен концерт на Клеш во полза на Марксистичката младина во Гери Темпл во 1978... но дури и за децата беше очевидно каде беше енергијата, во која насока се поместуваше духот на времето. Панкот стана светилник за креативните луѓе од сите видови, а и по толку години неговата сенка сеуште е поголема од она што можеа да го предвидат трговците на корпорациската култура.

Не дека филмската или индустријата на книги или списанија се мртви, или дека светот на блоговите ќе предизвика некој од нив, но креативноста е многу флуидна работа и кога станува тешко да се постигне било какво задоволство во даден медиум, квалитетните таленти се повлекуваат во арена што им дозволува изразување. Можам да стојам 24 часа во трафика и да ги испрочитам сите изложени списанија, а да не најдам умни, релевантни и проникливи работи што знам дека би ги нашла за половина час на блоговите.

Мала дигресија: исто така очевидно е кој нема полза од оваа енергија – десничарските блогови. Можете да кажете дека презир ја замаглува мојата проценка, но ќе погрешите. Јас сум сосем способна да ги ценам и дури (колебливо) бранам способностите за правење филмови на луѓето кои ги мразам. Но едвај двапати имам прочитано нешто проникливо кај десничарите. Поради бројни причини, филозофијата што промовира тоталитаризам и систем на бескрајно повторување на нечиви цитати едноставно не ги привлекува мислители со таков квалитет. Точка.

Мислевме дека панкот и енергетичната контракултура која тој ја произведуваше ќе траат вечно, но не беше така. Набргу беа готови.

Уживајте во блоговите додека можете.
Немој некој да се осуди да помисли нешто буквално!

No comments: