Блекаут

17 March 2006

Официјални статистики за Блогерај

Блогерај почна да ги објавува официјалните статистики, генерирани автоматски.

На сајтот www.blog.com.mk/hof се поставени
  • податоци за број на читања на постови (се смета само читање на она што е поставено на пермалинк, не и на насловна страница) и
  • топ-листи за активноста на членовите - според број на објавени записи и коментари
за последниот месец, година и „на сите времиња“. Мислам дека ваквите податоци може да бидат од полза за сите кои се интересираат за развојот на блогосферата. Пред некое време објавив еден графикон за број на постови на овој сервис, направен според јавно достапните податоци, а и дадов првична оценка за неговата улога во развојот на македонскиот веб-простор.

No comments: