Блекаут

09 May 2013

И по протестот, претседателот влегува на задна врата

Денес, на 9 мај - Денот на победата на фашизмот што веќе официјално не се слави во Македонија, беше одржан протест за слобода на изразувањето. Местото беше пред Делегацијата на ЕУ во време кога таму имаше закажан прием по повод 9 мај - Денот на Европа, на кој присуствуваа високи државни функционери и дипломатскиот кор. Така, при влегување тие имаа прилика да се видат со активистите и да ги прочитаат или чујат пораките за слобода и демократија, а против цензурата која се воведува со новиот Закон за медиуми.

Не изброив колку точно луѓе протестираа, имаше неколку десетици, сигурно над 50-60 луѓе (да речеме од третина до половина од пријавените на Фејсбук ивентот). Многу брзо се наредија скоро исто толку униформирани полицајци, по околните тротоари и кај семафорите се испаркираа полициски возила, а учесниците кажуваа и дека во блиската околина има и многу полицајци во цивил.

По завршувањето на протестот, поминувајќи покрај задниот влез на Делегацијата на ЕУ, го видов претседателот на РМ Ѓорге Иванов како цел окезен крадешкум влегува внатре, да земе учество на приемот организиран од амбасадорот Орав.

Линкови во врска со настанот: