Блекаут

18 August 2007

Нова временска лента: Јунаците на Плутарх

Многу класици на светската литература сеуште „чекаат“ да бидат преведени на македонски јазик. Меѓу нив се и „Житијата“ или „Паралелните животи“ на античкиот автор, граѓанин на Рим и етнички Грк - Плутарх.

Плутарховите биографии „на благородните Грци и Римјани“ се меѓу највлијателните историски дела во историјата - на пример Наполеон Бонапарта си носел копија со себе на сите походи.

Особено важни се преводите на француски и англиски, направени во текот на ренесансата и ревидирани неколку века подоцна - достапни на веб (Paralel Lives). За жал, колку што јас знам, на македонски е преведена само биографијата на Александар, во издание на Нова Македонија некаде на почетокот на деведесеттите - една мала жолта книшка.

Како алатка за љубителите на историјата имам направено хронологија на животите на јунаците на Плутарховите житија, според написот на англиската Википедија.

14 August 2007

Продолжен рокот за конкурсот за фотографии за Декадата на Ромите

ФИООМ објави дека е продолжен рокот за Чачипе - конкурсот за фотографии со кои се рушат стереотипи за Ромите.

Ако не сте фотограф/ка, може да придонесете за промоција на Македонија преку гласање за фотографии од наши автори.

На пример, (транспарентно признавам конфликт на интереси: другар ми) Срџан Амет е автор на оние со ИД 505 и 740.

Втор македонски филм издаден под слободна лиценца

Вториот македонски филм објавен под слободна лиценца е направен преку ремиксирање на првиот - прекрасен пример за надградба на смисли и пораки. Ако сакате, гласајте за него на Кајмако’.



09 August 2007

Филмот за Мајн(д)свипер



Не сум играл Мајн(д)свипер со години, но филмов е одличен.

05 August 2007

Исхраната во Стариот Рим

Еден интересен напис за нови археолошки интерпретации на наоидите од Помпеи (Did Romans Love Fast Food) обрнува внимание на влијанието на предрасудите при создавањето претстави за животот во минатото.

На пример, тоа како местото на слугите во домаќинството во Британија во 19 век влијаело на перцепцијата на местото на римските робови, или тоа дека западната традиција на формални оброци можеби била помалку раширена меѓу обичниот народ (чии потомци се и скоро сите жители на Македонија), наспроти каснувањето „од нога“.

01 August 2007

Да се смени законот што поттикнува пожари

Голем дел од пожарите ги предизвикуваат дрвокрадци, оти според некој закон опожареното може кој сака да го собира - легално.

  • Основна практична мерка што треба да ја предложи Владата, а да ја усвои Парламентот, е таквиот закон да се смени: да не смее да се собира дрвна граѓа од опожарена шума - нека се дозволи природата да се регенерира сама, кога веќе ние не сме кадарни да ја заштитиме.
Инаку, го поддржувам и предлогот за работни акции за пошумување.