Блекаут

27 April 2006

Препорака: Научни вести во врска со Ѕвездени патеки

Borg cube - борговска коцкаНа официјалниот веб-сајт на Ѕвездени патеки има многу интересен напис (Science Roundup: Borg Code, Self-Healing Spacecraft, etc.) за неодамнешни настани од сферата на науката поврзани со концепти и идеи изложени во серијата.

Клеточен фундаментализам, не анархија

Аналогијата на .аНТИ, дека растењето е процес аналоген на оној кој го препорачува на идеологијата на анархизмот е само делумно точна.
...невидена убавина на развојот на ембрионот е во тоа што е потполно децентрализиран процес, а тоа е факт што луѓето многу тешко го сфаќаат. Бидејќи секоја клетка во телото носи комплетна копија на геномот; ниедна од нив нема потреба за инструкции кои доаѓаато од управата; секоја клетка може да дејствува на основа на сопствената информација и сигналот кој го добива од соседите. Ние не го организираме општеството на тој начин: опседнати сме со извлекување на што е можно поголем број одлуки од центарот што го држат владите. Можеби би требало да се обидеме.
.аНТИ ја поткрепува тезата цитирајќи го горенаведниот дел од книгата „Геном – автобиографија на видот во 23 поглавја“ од Мет Ридли, но единствена заедничка карактеристика е децентрализираноста.

Точно е дека кај клетките нема тоталитарна контрола („од горе надолу“), но има интерна контрола („секој себеси“) врз база на множество правила дадени од надвор, односно предците, од минатото. Во анархизмот, примарно е правото на личен избор: индивидуата свесно се согласува на неколку основни принципи, а потоа сите одлуки ги носи самата, внимавајќи да не се косат со принципите.

Клетките немаат избор. Го прават тоа што е предодредено од местото на кое што се нашле. Промени има само ако случајно се најдат со променети инструкции – мутации на генетскиот код, кои најчесто се фатални – причина за спороста на еволутивните процеси. Погоре опишаниот процес не е анархизам, туку фундаментализам.

Фундаменталисти започнуваат со множество (фундаментални, темелни, основни) инструкции и се обидуваат да ги применат за преобликување на општеството за тоа да стане што поблиско до нивниот идеал. Во текот на историјата, најзастапен тип на фундаментализам е религиозниот, а основните инструкции се добиваат од предците во форма на „свети книги“ – Веди, Стар и Нов Завет, Тора, Коран, Хадиси...

Бидејќи не се работи за клетки, туку за луѓе, ефектите зависат и од тоа како приврзаниците ги интерпретираат упатствата од минатото или од некои, барем во почетокот, централизирано поставени авторитети - пророци. Потоа може да дојде до децентрализација (прво преку мултиполарност – католицизам и православие, суни и шиити), потоа и до јасни мутации (секти – будисти, богумили, протестанти, бекташи), од кои некои преживуваат и понекаде стануваат доминантни, некои изумираат (гностици, еретици), а некои опстојуваат преку насилство (екстремисти, терористи од типот на ал Каеда).

26 April 2006

Годишнината на Чернобил и новите нуклеарки

Би потсетува дека денес се навршуваат 20 години од катастрофата во Чернобил...
Но сепак, страшната слика која не треба да се заборави избледува во главите на луѓето. „And some things that should not have been forgotten...were lost.“ Поминаа дваесет години и луѓето пак мислат дека можат да си играат со нуклеарки. Дури и браќа Бугари еве пак ќе граделе. А за бомбите, нема потреба да спомнувам. Памтењето на луѓето е кратко. И покрај сликите актуелноста, траењето на последиците овој ден се одбележува само како уште еден јубилеј, традиционален помен. „History became legend...legend became myth.“
Од друга страна, пред некоја година стигна најава дека тамошниот воено-индустриски комплекс има намера во наредните години САД да си го обнови арсеналот со нови нуклеарни бомби. Постоечките биле застарени.

Одморот е добар за економијата

Пишувајќи на тема „Викенд“, Зоран Андоновски објаснува:
Во почетокот на индустриската револуција во Европа имало шестдневна работна недела и неделата како неработен ден. Дводневниот одмор се должи на борбата за работничките права во 19 и во 20 век.
Парадоксално, но воведувањето на петдневната работна недела значело бум за економијата на земјите што го направиле тоа. Како? Па, не само што работниците биле поодморни и поработливи во понеделникот, туку тие за време на викендот излегувале на забава, трошеле по ресторани, се возеле на излети, а сето тоа носело дополнителен приход во тие нови гранки и нови и нови и нови работни места.
За Македонија да стане развиена туристичка дестинација, таа прво мора да го развие домашниот туризам. Зошто странци би доаѓале таму каде што нема место дури ни за домашните...

23 April 2006

Споредба на перцепции: Македонци и Келти

Како надоврзување на постот за келтските искуства за културна обнова, во кој беше цитиран „Нејшнал џиографик“:
Ова се значи, знаците по кои може да препознаете еден Келт: зборува на древен јазик, малку му треба да се потсети на историски неправди и потешкотии, наоѓа прибежиште во песната и малку е меланхоличен. Понејасно е како маргинализирана култура како што е келтската успеала да преживее, дури и да процвета, во светот којшто сè побргу ги поништува различностите...
Приложувам извадок од вицот за етничките групи на бивша Југославија, еден од најстарите и најчесто цитираните на интернет:
Top ten reasons for being Macedonian:
1. You can call yourself Macedonian and not get killed by a Bulgarian, Greek, Serb or Albanian.
2. Fresh tomatoes, watermelon and tobacco.
3. You can pretend you are a descendant of Alexander the Great and piss off the Greeks.
4. You get to be sad and suffer while listening to folk music.
5. Good relations with your neighbors, especially Greeks and Albanians.
6. American soldiers on your territory.
7. You get to call your country The Former Yugoslav Republic of Macedonia.
8. Fresh tomatoes, watermelon, and tobacco.
9. You can successfully pretend your language is not Bulgarian.
10.Everyone is interested in the stability of your country except your neighbors.
...кој многу кажува за перцепцијата на македонската култура и цивилизација.

Како референца, го препорачувам и „Водичот за етнички и религиозни судири низ целата човечка историја“ (Why the _______s Hate the _______s).

Позитивни искуства од Келтите за Македонците

Нејшнал џиографик (National Geographic), и во својата англиска (Celtic Realm) и хрватска (Keltsko kraljevstvo) верзија има објавено многу интересен текст од Том О’Нил за денешните Келти. Читајќи го наидував на делови во кои би било доволно само да се сменат имињата на местата или народите за да изгледа како напишан за Македонците.
Пријателите во крчмата „Крос ин“ говорат со шкотската верзија на гоиделските [галски, келтски] говори. За нив тоа не е проблем, тој јазик го имаат научено прв, во своите домови. Но јас, Американец заинтригиран со своите ирски корени, кој се прашува дали постои некаква подлабока поврзаност со Келтите, имав впечаток дека сум наишол во некое тајно здружение. Имаше нешто возбудливо, дури и превратничко, во слушањето на древниот келтски јазик во земјата на Шекспир, каде ни кралицата ни премиерот не би биле способни да разберат за што разговараат жителите на Луис.

Забележувајќи дека ги слушам, момците се префрлија на англиски. „Непристојно е, нè учеа, да се зборува на својот јазик пред странци“, рече Норман Кембел, писател и поет кој своите текстови ги објавува на шкотски гоиделски. Платив една тура и мажите се отворија, изјавувајќи дека во времето на нивните родители учителите со ремен ги тепале учениците доколку ги чујат да зборуваат на својот мајчин јазик. Денес ситуацијата е сменета, велат, а државата го поттикнува учењето на тој јазик. По уште неколку тури, влегува Аласдир, братот на Норман, и започнува да пее. Песната се вика „Месечината под која зрее јачменот“ (Gaelach Abachaidh an Eòrna). Звучи таговно, приметувам. „Па“, Аласдир објасни, „таа месечина е голема, многу жолта и може да ти го скрши срцето“.

Ова се значи, знаците по кои може да препознаете еден Келт: зборува на древен јазик, малку му треба да се потсети на историски неправди и потешкотии, наоѓа прибежиште во песната и малку е меланхоличен. Понејасно е како маргинализирана култура како што е келтската успеала да преживее, дури и да процвета, во светот којшто сè побргу ги поништува различностите...
Во текстот има и историски осврти:
Англичаните и Французите ја забранија или ограничија употребата на нивниот јазик, нивните инструменти и музика, нивните имиња, нивното право на сопственост, а во случаите на шкотските планински кланови, дури и нивната облека. Чудно е како воопшто се одржал било каков облик на келтската цивилизација. Опстојувајќи на маргините, и географски и културно, Келтите не дозволија да бидат збришани од лицето на планетата.
Мислам дека основниот фактор во ренесансата на келтското е инклузивноста, која за разлика од современиот македонскиот национализам, има тенденција во келтскиот идентитет да не бара „чистота“, туку посакува добредојде на сите што сакаат да се поврзат.
...дефиницијата на Келт е маглива и променлива како и времето на морскиот брег. Постојат „Келти по крв“, неколку милиони луѓе кои пораснале и сеуште живеат во преостанатите подрачја во кои се зборува келтски јазик. Тука е потоа и сè поголемото племе на „Келти по дух“, кои чувствуваат дека се поврзани со историјата, митовите и со уметничките изрази на древните губитници. „Келтското во било кој облик“, забележал Џ. Р. Р. Толкин, „е волшебна торба во која може да ставите што било, и од која било што може да излезе“.
„Верувам дека ако се чувствувате како Келт – станувате Келт“, написот ја цитира Черил Страфон, современа паганска свештеница од Корнвол. Користењето на позитивните примери за културна промоција заслужува поголемо внимание и кај македонската јавност и кај носителите на одлуки.

21 April 2006

Рекламократија: Критиките и сомнежите ја попречуваат твојата среќа

Не се согласувам со оценката на Оксиморон, искажана во вид на коментар на постот на Би Марке-фак-т-инг:
Коа сме веќе кај рекламите, мене ептен ми се бендисува онаа за гранде пунто - затвори ги очите и погледни во себе... ќе видиш дека ограничувањата постојат само во нас самите... скрши ги... и стаклените ѕидови... а во позадина Ени Ленокс со легендарната тема...
Текстовите на стаклените ѕидови се:
  • „Критики?“
  • „Предрасуди“
  • „Сомнежи“
  • „Ограничувања?“
Значи, критиката и сомнежот - основните елементи и на научниот поглед на свет и на демократијата, се непожелни пречки на патот кон успехот и среќата, на исто ниво со предрасудите и ограничувањата.

А и Ени Ленокс не ја пее „Свит дримс“ во рекламата, туку некое длабокогласно мажиште, петнаесет години после верзијата на Мизар.

17 April 2006

Рекламократија: Другите луѓе се животни

Рекламата за Ситроен Ц4 нè учи дека треба да ја купиме таа кола за да станеме „крал во урбаната џунгла“. При тоа, ни ги покажува пешаците како животни, луѓе со животински глави, на кои на крај протагонистот им се смее.

Поживотинувањето е една од методите за понижување и ширење омраза кон другите луѓе. Особено е неправедна кон животните, припадници на други видови.

Други такви тактики се укажување дека другите се како деца (неспособни за живот без „заштита“)... или како жени (кастрирани, или пасивни партнери при секс).

Има еден есеј од американскиот постмодернистички филозоф Ричард Рорти (Richard Rorty) што една по една ги објаснува овие појави, ќе се обидам да го најдам наскоро.

Анархизам и панк, цитати од 19 и 20 век

.аНТИ во темплејтот на својот блог го има ставено следниот цитат:
„Ниедна теорија, ниеден готов систем, ниедна книга што е напишана нема да го спаси светот. Не се приклонувам кон ниеден систем. Јас сум вистински истражувач.“ - Михаил Бакуњин
Додека извесен Игорче, во својата рецензија на претставата „Купидона“ го цитира Грег Грифин...
... еден од најлуцидните панк-рок текстописци: „Не верувам на самобендисаните луѓе кои што попуваат, ниту една песна (филм, книга, драма...) не може да ви го направи животот комплетен...“, па препорачувам да ја погледате претставата и да одлучите со своја глава - што е и всушност основната панк идеја.
Не е лошо за споредба. Како што веќе имам кажано, панкот има допирни точки со блогерството, а и анархизмот како идеологија доживеа еден вид препород благодарение на интернет.

Не би било лошо .аНТИ ваквите цитати да ги копира и во посебни постови, за потребите на длабинско линкување, со обновување на фељтонот со биографски белешки за значајни, но не многу познати личности од историјата. Бакуњин (1814-1876), на пример, никој ми го нема споменато во текот на моето основно и средно образование, за кое главен настан на 19 век беше Берлинскиот конгрес, додека случувањата надвор од Балканот не беа баш приоритет.

Претставата не сум ја гледал, па не можам да се согласам или да го оспорам мислењето на Николче. Но можам да ги поздравам сите кои се чувствуваат како панкери или оние кои би сакале да искешираат на панкот со песната „Анархија ол овер Баш Чаршија“ од Забрањено Пушење!

15 April 2006

Од каде ли дојдоа штрумпфовите?


Оваа анализа нема директна поврзаност со претходните муабети во врска со штрумпфовите во македонската блогосфера.

12 April 2006

Рејтинг на македонски блогови на Технорати (4)

Листава е направена врз основа на претходните ранг-листи (1, 2, 3) и податоците што ги нуди самиот Технорати.

До секој член на листата додадени се по две ознаки - за качување ↑, симнување ↓, непроменета позиција ↔ или нов блог ○. Првата е релативна, во однос на позицијата на оваа листа на македонски блогови, а втората (во заграда) се однесува на апсолутниот рејтинг на Технорати.
  1. .аНТИблог - 32,790 ↔ (↑)
  2. Панта реи - 44,196 ↑ (↑)
  3. Комуникации - 45,414 ↑ (↑)
  4. Јован - 52,459 ↓ (↓)
    Моби - 52,459 ↔ (↑)
  5. Букаро - 68,092 ↓ (↓)
  6. Горан Андреев - 78,877 ↓ (↓)
  7. Би - 82,112 ↓ (↑)
  8. Скопски времиња - 112,180 ↑ (↑)
    Тетово онлајн - 112,180 ○ (○)
  9. Фотографик дајери - 124,437 ↑ (↑)
  10. Веб-сајт на денот - 147,630 ↓ (↓)
    M-соулз - 147,630 ↓ (↑)
  11. Развигор - 157,081 ↓ (↓)
  12. Диџеј - 167,535 ↓ (↑)
  13. Софтвер (МКД) - 192,096 ↓ (↓)
  14. Будна правда - 241,771 ↓ (↑)
  15. Доменика ворлд - 1,163,026 ↓ (↓)
    Другата у ја - 1,163,026 ↓ (↓)
    Зомбификација - 1,163,026 ↓ (↓)
    Калина - 1,163,026 ↓ (↓)
    Макондо - 1,163,026 ↓ (↓)
    Сваштаријата на Чале - 1,163,026 ↓ (↓)
    Талент-фри - 1,163,026 ↓ (↓)
За вашиот блог да го вклучам во листава пријавете се на Технорати (claim blog) и пишете коментар со линк до него.

Што е финтата со филмот Контáкт?

Kontakt, plakatМе чуди зошто името на филмот „Контакт“ во рекламите го изговараат „Контáкт“, со акцент на првиот наместо на вториот слог од десно кон лево, како што е правилно во македонскиот јазик.

Гледам дека и на огласот што оди во весник целосно на латиница, напишале дека премиерата е на „7. април“ - таа точката е излишна. Инаку, според македонскиот правопис, за разлика од англискиот имињата на месеци и денови во неделата во сред реченица се пишуваат со мала буква.

PS
За оние што не знаат, доколку има три или повеќе слогови, акцентот треба да паѓа на третиот слог, броејќи од десно кон лево.

PPS
Сликава ја земав од Иди види и на неа е друг дизајн од тој во весник.

11 April 2006

ГНУ/Линукс Инсталационен фестивал, овој викенд во Скопје

На 15 и 16 април 2006. во Народна техника во Скопје, Слободен софтвер Македонија организира пролетен Инсталационен фестивал...
...на кој ќе можете, со помош на поискусни корисници, да инсталирате ГНУ/Линукс на вашиот компјутер.

Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија.

Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество.

Ако имате блог, проширете ја веста преку пост на темава.

09 April 2006

Симпл мајндс: пронајдете ги разликите (Simple Minds)


На фотографијата се насловните страници на „Ритам“ (Време) и „Антена“ (Дневник) од 7.4.2006 година.

Каматите не се важни, според Дом и дизајн

Во моментов (12:15) на „Канал 5“ сеуште тече емисијата „Дом и дизајн“ чија цел е рекламирање на производи на фирмата „Бујото“, што се врши и преку реклами и преку поттикнување на гостите да станат своевидни промотори, кои со свои изјави ќе ги поткрепат ставовите изнесени преку нив.

Голем впечаток ми остави како водителката пред неколку минути ги пресече членовите на групата Нокаут. Имено, водителката зборуваше за тоа како некои решенија на спонзорот може да се добијат на рати и слично, кога еден од нив праша „а каматата?“. Водителката веднаш реагираше:
Па што е важна каматата!
...и почна нешто алудира како тоа е тема за која воопшто не треба да се зборува, создавајќи впечаток како да е непристојно што воопшто се спомена тоа, со што ем ги замолче соговорниците, ем тотално избегна да ја информира јавноста за реалните услови на купување на рекламираните производи.

Урбана уметност: Цртач и цајкан

Наидов на ова дело, нацртано на хартија и залепено за еден излог на улицата што води од главната зграда на Мобимак кон плоштадот Македонија (во Скопје). Човекот од продавницата ми рече дека нема врска со сопствениците и вработените.

Авторот/ката на цртежот ми е непознат/а. Како и за сите слики од моблогот, моите авторски права заштитени со Криејтив комонс се однесуваат на фотографијата. Името „Цртач и цајкан“ исто така се однесува на моето дело, чијшто дел се и овие два праграфи.

08 April 2006

Форум плус ја укинал блогерската рубрика

Во најновиот број на „Форум плус“ ја нема рубриката посветена на македонските и светските блогови и блогерски работи.

Зошто, како - не знам. Ама мислам дека е штета. А добро имаа почнато...

06 April 2006

Трагикомедичните преводи на македонски од српски, хрватски и босански (1)

Се збори по народ, а јас за тоа моментално немам сигурни докази, дека многу од новата преведена продукција на македонски јазик не е преведувана од оригиналот, туку од преводите на српски (хрватски или босански).

Ова можеби се должи и на уверувањето кај многумина дека го знаат српскиот јазик, поради тоа што воглавно разбираат кога некој друг го користи. Арно ама, „мислити и знати и цвеће брати није исто“.

Ваквите луѓе често недоволно добро го познаваат и македонскиот јазик, па не можат да направат разлика меѓу српските и македонски посебности. Резултат е често користење на српски граматички конструкции и особено, буквални преводи на идиоми, фрази и термини кои врска немаат со македонскиот јазик.

Ваков дилентантизам е причина зошто иако сум голем љубител на стрипот, после два броја престанав да ги купувам македонските изданија на „Марти Мистерија“ и „Дилан Дог“.

На пример, во вториот број на ММ, се раскажува дека Стоунхенџ се наоѓа „во близина на Солзберија“, наместо „во близина на Солзбери“. Тоа „Солзберија“ доаѓа од локативната форма на зборот кој и во српскиот јазик во номинатив е Солзбери („у близини Солзберија“). За жал, кога ќе се комбинираат незнаење на граматика, поточно на падежи, со недостаток на општа култура, испаѓаат трагикомични резултати кои го искривоколчуваат јазикот.

05 April 2006

Рецензија на песната „Дракула“ од Рокери с Мораву

Копањето по наизглед добро познатите предели на популарната култура нуди откривање на нови и често поинакви вистини за потсвесните настојувања за откривање и затскривање на Јаството.

Јунговската и Фројдовската анализа на митолошките слики за вампирот како архетип, односно рефлексија на адолесцентната фасцинација со сексуалноста како појава поврзана со размена или распрскување на телесните течности најчесто е применета на митолошки материјал, без да се земе предвид одразот на праисконските слики во модерната и постмодерната култура, која пред сè мора да се свати како начин и метод на комуникација.

Како што и Мишел Фуко знаеше да нагласи во „Историјата на сексуалноста“, тука пред сè се работи за односи на моќ, додека клатното на неговиот презимењак обработено од Умберто Еко јасно укажа дека за да се добие јасна слика за влијанието на магнетизмот мора да се пропатува низ тајните кои имаат подлабоки корени од топењето на металот. Често, за добивање на покомплетна слика за односите на моќта, неопходно е соочување со сериозноста на хуморот, при што не смее да се занемари неговата улога на одбранбен механизам за соочување со промените во околината, според теоретичарите од натуралистичката школа.

Aвторите покренуваат мултиполарна расправа за односот на Јаството со Другоста, оти Себството на главниот лик Драгиша-Дракула се наоѓа на крстопат и следи комплексна маршрута која несвесно ѝ ја спротиставува на навиката за рационализација и вербализација. Тегобноста на секојдневниот ритам („увек после 24 ха“) е спротивставена со промискуитетниот начин на пристап кон Другоста на жените, кои со прифаќање на (пред)играта како форма на комуникација преку симболична улога на жртва на месојаден ловец ги рушат патријахалните морални норми на балканската филозофија на паланката и афирмираат применетите културни политики со кои модерната се спротивставува на вгнездените парадими.

Активирањето на сетилата преку асоцијации за мрачното балканско минато исполнето со недемократски и тоталитарни тенденции кои во колективната меморија се преобразуваат во џастификации за идните пречекорувања на границите на идентитетската територија на Другиот и на себеси наликува на бескраен лавиринт во кој легендата за крвникот или ослободителот од Трансилванија е само футнота која не мора да води кон одговорот на загатката за излез од лавиринтот на ретроспективноста, во кој митските слики на полуживотинскиот жител--Минотаурот, несудениот животен партнер на Аријадна--се менуваат во однос на социоекономската структура на општеството од сточарски жители на остров-кој е поврзан со светските текови-кон изолирани жители на планински гнезда во предворјето на прататковината на мнозинското (словенско) население на Балканот како културолошки термин кој означува раздробување (балканизација) - Карпатите. Наизменичното менување на радосните и тажни аспекти испреплетено со мултикултурни ритмички и тоновни асоцијации укажува и на испреплетеноста на односот кон Другите како неизбежен елемент.

Незанемарен е и макроекономскиот елемент („социјални има зуби/мање глоѓе, више љуби“), кој во најголема мерка ги дефинира односите на моќ во современието, а кои влијаат не само на непронаоѓањето на крајна форма на идентитет, туку и се одразуваат на менување на модусот на трансформација на контактот од форма на уживање во форма на субверзија.

Транзиционата криза на идентитетот со кој Јаството и Другоста влегуваат во хармонија е одразена и во завршната строфа, која укажува на деконструкција на идентитетите („Драгиша није вампир прави/жене баш воле да их дави“).

ФајлТежина
Rokeri s moravu - Drakula.mp33.35 MB

04 April 2006

Еволуцијата и генетиката се лек за расизмот

Сметам дека познавањето на законот теоријата на еволуција и механизмите на генетиката се неопходни за сите кои имаат намера да се спротивстават на ширењето на расизмот и другите облици на нетолеранција.

Ова е особено важно поради тоа што свесното и несвесното прифаќање на теоријата на еволуција е една од основните карактеристики на современото општество. Влијанието на делото чиј зачетник бил Дарвин се огледа и во бурните реакции против него од страна на:
  • „креационистите“ (creationists) - најчесто религиозни фундаменталисти – и христијански и муслимански, како и од
  • злоупотребата на искривоколчени верзии на теоријата за „докажување“ на сопствената супериорност, вградени во идеологијата. Најгрозен пример за ова се германските нацисти од првата половина на XX век, но истото се среќава кај сите форми на ксенофобичен национализам.
Разбирањето дека сите луѓе на светот имаат блиски заеднички предци, и дека расите, а особено народите се релативно нова појава, е нешто што на долги патеки ги елиминира изговорите со кои се заговараат злокобни поделби.

Во научната јавност, еден од последните изблици на расизам поврзан со антропологијата и палеонтологијата е забележан во 1953 година, кога Рејмонд Дарт (Raymond Dart) ја објавил својата сеуште контроверзна теорија дека аустралопитекусите користеле оружја за лов. Популаризаторот на науката Роберт Aрдри (Robert Ardrey) пишува во неговата исклучително влијателна книга „Африканска генеза“ (African Genesis):
„Месојадната транзиција од мајмун кон човек“ (The Predatory Transition from Ape to Man) бил труд што ниедно вообичаено научно списание би го пипнало, па се појавил во „Интернационалниот антрополошки и лингивстички преглед“ (The International Anthropological and Linguistic Review) од Мајами. Потресениот уредник на ова исклучително списание сепак напишал вовед на делото на Дарт со кој се откажал од одговорноста за заклучоците на авторот, па дури и за однесувањето на самите аустралопитекуси. Воведот завршува со бедна воздишка: „Секако тие биле предци само на модерните Бушмани и црнци, и ничиви други“ (италикот е на уредникот).
Aрдри понатаму не навлегува во објаснување на расизмот на уредникот, туку се концентрира на тоа дека главната контроверзност во делото на Дарт е идејата дека аустралопитекусот еволуирал „затоа што бил убиец“ (Killer Ape Theory). Aнатомските промени како исправен òд и потреба од трчање, губење на муцката како непотребна, како и користењето оружја наместо за непостоечките канџи и заби, довеле до очовечување. Но историскиот момент е јасен. Иако тоа се случува по победата над нацизмот и целосното стигматизирање на таа идеологија, во 1953 година црнците во Америка сеуште биле сегрегирани, а големите европски сили сеуште поседувале колонии по Африка...

Panta Rei: Technorati тагови за Blogger и Blogeraj

Гуд бајтс, познат и по тоа што е автор на веб-конвертор за кирилична поддршка има направено апликација за додавање на тагови за Технорати на постови на блогови. Ја применувам во овој пост.

Би било добро во аутпутот да се додаде и испишување на линијата и текстов што оди пред таговите. Она со див - во моменталната верзија ми дава само линкови да вметнам, а не и другото.

Дополнително не е наведено дека веројатно во темплејтот треба да се стави и дефиницијата на таа класа во ЦСС-от, на пример ова: „.technorati-tags {font-size: 85%; border-top: 1px solid #e5e5e5;}“.

Песничката од Макрос плус


Ова е јапонската верзија на песничката (mp3, 3.58 MB) од филмот Макрос плус што остава многу убав впечаток. На П2П ја има и на англиски (клучни зборови: Macross Voices), ама некако се губи од мистеријата и атмосферата.

Добра страна на Блогерај е што дозволува качување на секакви видови датотеки (фајлови, записи) па и емпетројки.

03 April 2006

Три најдобри СФ-цртани филмови што сум ги гледал

...и на кои ми текнува во моментов, по азбучен редослед:

Мојот омилен аниме е посајбер од твојот

Би има ставено пост во слава на „Гоуст ин а шел“ (Ghost in a shell). Би сакал да го свртам вниманието на јавноста и на еден аниме кој кај нас и не баш често споменуван: долгометражниот „Макрос плус“ (Macross Plus).



Myung„Макрос плус“ е дел од франшиза која се состои и од краткометражни телевизиски серии, во чија основа се огромни роботи/вселенски бродови (mecha).

Конкретно овој филм може да се гледа и независно од „универзумот“, оти приказната е општочовечка, општовонземјанска, општовештачкоинтелигенциска. Има тука и прашања за љубов, барање идентитети, ривалство, суета, доминација, смеа и трагедија, а особено има убава музика и песна на крај.


Анимацијата е изработена претежно со „класични“ дводимензионални методи, но изобилува и со прекрасни пејсажи и долги кадри со летање. Објавен е во 1994 година, а по повод десетгодишнината е излезен веб-сајт (Macross Plus Area Seven) на кој има убави слики од филмот и објаснувања на ликовите.

PS
А за „Гоуст ин а шел“ мислам дека е одличен. Особено онаа сцената кога пука роботот по ѕидот, па парченца, звуци итн. :-)

02 April 2006

Стипендии за Јапонија и Кина

Вотерлили известува за извонредни прилики за македонските академски граѓани:

Јапонија доделува една стипендија за постдипломски или докторски студии во траење од 1,5-2 години, сите трошоци покриени (дури и повратен билет)
...
Рокот е 12 мај, а апликациите треба да се испратат до г-ѓа Олга Дуковска, Министерство за образование и наука на РМ.

А ако сеуште не сте виделе, на страната на нашето Министерство е објавен и Конкурс за доделување на четири стипендии од Владата на Народна Република Кина за додипломски, постдипломски студии и специјализации на државните универзитети во НР Кина (рок 19 април).

Кладилниците велат: Елена на 12 место на Евросонг

Најновите проценки на кладилниците Скајбет и Виктор Чендлер ја сместуваат Елена на 12 и 13 место во генералниот пласман на Евросонг. Пред недела-две била на 16, значи, има нагорна линија.

Како што наведов во мојата стратешка анализа по настапот на Тоше (Life is... a bitch, and then you die), кладилниците кога отвараат уста за Евросонг, воглавно знаат што зборуваат.

Поради големата важност што ја има настанов за промоција на Македонија во светот, а богами и за кариерата на Елена („сад или никад“ да се одлепи од балканскава жабокречина). Наспроти тоа што М2 не го прифатија мојот совет за подобрување на видливоста на официјалниот сајт, еве уште еден совет за како може да искористат уште еден алтернативен ресурс на интернет, покрај Википедија:

Без разлика што спотот не е совршен, би било добро да ангажираат неколку компјутери што имаат постојана интернет врска, на кои ќе постават пир-ту-пир софтвер (P2P). Во фолдерот за споделување нека го стават видео-клипот, може и со разни вистинити, но инспиративни наслови со важни клучни зборови. Предлагам „sexy Macedonian eurosong representative video“ и слично. Секако, внатре во спотот, во снимката, треба да биде напишано (кајрон) кој е и што е на него, како и наведени веб-адреси за повеќе...

Археолошкиот дневник и Раста додадени во блогрол

Ги додадов „Мојот археолошки дневник“ и „Растас плејс ин стрејнџленд“ во блогрол.

Првиот има малку субјективно име - не е мој, туку на Милозвучна Солза, која го полни со информации за археологија и палеонтологија, при што особено ми се допаѓа темата за неандерталците.

Вториот е дело на член на новата генерација стрип-автори во Македонија.

За обајцата сметам дека придонесуваат за збогатување на МБЗ.

01 April 2006

Нашиве пирати не се просветители

Не се согласувам со Анти дека пиратите се просветители. Мислам дека овие нашиве локални што ги поткачија во последно време, не се - туку го прават тоа за пари. Крунски доказ за тоа е што го чуваат софтверот на ДВД, ама го продаваат само на ЦД.

На пример, ако хипотетички сте се обиделе да ја купите „д Мувиз“ (The Movies) како подарок, одбиваа да ви ја снимат на ДВД, па наместо да платите 150 денари за еден диск, треба да купите три компакт диска за 450 денари. И после, немало машинима во Македонија!

Кога не можеш по цигарите, удри по цедеата?

Додека „државата губи контрола - шверцот на цигари цвета по пазарите“ (Дневник, 26.3.2006) властите сепак успеале да „заробат“ милион празни цедеа (Вест, 31.3.2006), како превентива на пиратеријата, оти:

Македонската влада доби забелешки од ЕУ за високото ниво на пиратерија. Пред неколки месеци, претставници на Унијата спиеле во хотелот покрај Камен мост, а карши нив, покрај мостот, си купиле пиратски снимени материјали од дисковите распослани на неколку маси на склопување. После никој од Владата не можел да ги убеди дека се бориме за заштита на авторски права.

Изгледа претставниците на Унијата се погодиле непушачи. Среќа, можеа да нè опоменат и за видот на пиратерија што носи и повеќе од „над 1.000 евра дневен ќар“. Целата „ренесанса на шверцот“ со цигари е секако, надвор од јуристикција на, да се послужам со изразот на покојниот Даниел Михајловски, „багерот на Баге“. Но, можеби тоа ќе може да се надокнади со запленување празни листови хартија, кои може да се употребат за нарушување на авторските права со фотокопирање?

Забранети книги кај Ана

Ана известува за книги кои на оваа денешница трпеле цензура: