Блекаут

28 December 2006

Планот + честитка

Ај со арно и со убаво! :-)

Најзгодни блогерки на светот

На Гизмодо е објавена галерија на најзгодни блогерки за 2006 година.

Луѓе бе, џабе ли јас повикував да се ставаат фотографии?! Еее, од тие македонски блогерки што ги знам посредно или непосредно, барем пет може без проблем да влезат во листава.

Моми, ставајте фотки на блоговите, доста со аниме и уметнички слики од кеш.

Фанки цајт мит Бруно (класика!)

24 December 2006

Подигајте ја видливоста на македонски филмови на Ју тјуб

Пред некое време забележав дека на Ју тјуб е тешко или невозможно да се најдат инсерти од македонски филмови, па качив еден трејлер од „Прашина“ што го најдов на веб-сајтот на Милчо Манчевски.

Ги повикувам сите добронамерници што имаат соодветни клипчиња да ги качуваат по вакви сервиси, а исто така и да гласаат за повисок рејтинг на веќе качените. Не заборавајте во таговите да ставите клучни зборови како „Macedonia“.

„Него што“?! (телевизиско папагалство)

На „Канал 5“ има некоја емисија „Пирамида“ за влечење пари од луѓе преку мобилни: тројца избрани кажуваат мислења, а потоа граѓаните им плаќаат на организаторите да гласаат кој бил подобар говорник или кој од кое племе е.

Имаше некаков вовед за насилството во Македонија, со снимки од нападот на дискотеката „Процес“, а спикерот го заврши коментарот со „него што“.

Не би требало со оглед на искуствата, но сеуште ме зачудува и разочарува колку луѓе на кои јазикот (македонскиот јазик! поточно) им е главна алатка во работата не покажуваат ни најмала волја да се грижат за него, ни свест за тоа што зборуваат, додека неуморно папагалски ги копираат не само идеите, туку и изразите на северните соседи. Ова „него што“ е буквален ,превод‘ на српско-хрватско-босанското „него шта“.

Во најширок контекст, македонски превод на тој израз е (толку едноставното) „нели“!

22 December 2006

Предбожиќна атмосфера во Загреб

Снимка од плоштадот на Бан Јелаќиќ во Загреб, направена 22.12.2006 г. Луѓето се подготвуваат за Божиќ и се очекува навала по продавниците.

17 December 2006

Три задачи за сезнајковци

Еден другар од странство ме замоли да му помогнам да најде одговор на следните прашања. Читатели, помагајте!

1. Од кој филм е сценава/ликовите?

2. Од кое растение е семево?


3. Што (по ѓаволите!) е ова суштество?

15 December 2006

Слајд шер = Jу тјуб за презентации

Во право е Дарко што го споредува Слајд шер со Ју тјуб (SlideShare.net). Интерфејсот намерно им е направен ептен сличен. А ептен се слични и по ефективноста: одлични! Еве на пример, вака се вметнува презентација во блог...




...тоа е истата што Дарко ја држеше на конференцијата е-Општество.Мк (пост со видео-клипови поставени на Ју тјуб, исто така пионерски потфат).

13 December 2006

Модул за муабет преку блогот

Ако користите некој сервис за директен муабет (instant messaging: ICQ, MSN, Google Talk, Yahoo!) а особено ако користите повеќе од еден, може да ги интегрирате со Мибо (meebo.com). Дополнително, Мибо овозможува пристап преку веб со прескокнување на фајерволите, а најново нешто што го нудат е вградување на модул на чат во веб-сајт.

Имено, од Мибо ми (meebome.com) добивате код кoj може да го вградите во темплејтот (како што сторив јас) и потоа кога сте логирани посетителите може да ви пишуваат преку него. Прилично е практично, а Гуд бајтс му откри и една маана: прикажува кирилица кога пишува газда(рица)та на блогот, ама посетителите се ограничени на латиница.

08 December 2006

e-Biznis.info Blog » Е-потрчковци на е-потрчковците на е-фраерите

e-Biznis.info Blog » Е-потрчковци на е-потрчковците на е-фраерите:
Ние сакаме да бидеме фраери в град, а како пример ги земаме фраерите в село. Е па, не може тоа така. Од едноставна причина фраерите од село секогаш доцнат со слушање на новата музика, со носење на новата облека и за жал не секогаш први ги имаат [sic] убавите градски девојки.

Најдобар оглас досега што сум го видел

Се скинав од смеење :-)

07 December 2006

Најстариот идол на светот: Обожавање на змија пред 70000 години

Норвешки научници откриле пештера во Боцвана каде што сметаат дека пред 70000 години се одржувале ритуали во чест на питонот. Големо палеонтолошко откритие!
Покрај природна и доправена склуптура во вид на змиска глава, во пештерата има и комора каде што човек може да се скрие и да изгледа дека змијата зборува. Денешните Бушмани (Сан) местото го сметаат за свето, а питонот е еден од најважните ликови во нивната митологија.

Можеби Џим Морисон сепак бил на добра трага.

06 December 2006

Политичка пропаганда преку Ју тјуб

Ова е интересен пример за политичка пропаганда. Некој земал привлечен видео-спот од Сабрина и внатре уфрлил текстуални пораки за поддршка на неговата кауза, инаку малку позната во светот.

Смеата му помогнала да го победи ракот

Другар ми ми го препорача линков (Smijeh mi je pomogao da pobijedim rak), а потоа ми призна дека го дознал од Он.нет:
Во 2005 г. лекарите му откриле рак на Борис Дежуловиќ. Гледал во лицето на лекарот и прво што му паднало на ум бил еден виц. Очајнички се глупирал обидувајќи се да го сокрие стравот. Следувале две операции и хемотерапија. Имал среќа. Преживеал.

05 December 2006

Копачи - силно светнал ден за промоција на МК сајтови во светот

Наглото накачување на посетеноста (и читаноста) на целокупната македонска блогосфера на 4.12.2006 е последица токму на успешна промоција преку Диг.




Извор: Дигимак блог. Она црвеното се однесува на дигуван напис од SF Observer.

По успешниот експеримент, а како дел од подготвителните активности за основање на македонското лоби за социјално вмрежување, ја зголемив својата активност на Диг, заедно со уште неколку пријатели.

Ви препорачувам да се пријавите на сервисот и да ми се јавите преку него, за да може да ве додадам во листата за координирано настапување. Името на овој сервис кој работи на „откопување“ на линкови и нивно вадење на површина може да доведе и до основање на Внатрешна македонска копачка организација, чии членови, надоврзувајќи се на лозарите од 1892 г., би се нарекле копачи. (Ова решение за името произлезе во инспиративен муабет со Дарко Булдиоски од Комуникации.)

Предлог за пригодна химна на организацијата е песната „Копачите“ од Кочо Рацин:

Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се пие
и темнината пие
силносветналден!
Пробудете се морни
копачки и копачи –
на трудот црн народ!
Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата paмни,
у вивналиов ден
да тprнeмe и ние
страдалници од век!
На деда Богoмил
земjата poвка, мека,
наба6рена за poд,
со страдна душа чека
ударите ни jаки
со мотиките остри
по троскот пелин трат!
На работа!
На труд!
Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.
И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.
На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен jад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно на воздух!
Ораме со рало
но земjата ни златна
колку е богата!
На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јaд!
Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек станал – скот.
И в тaјa мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та биjат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јaд!
Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!
На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука –
ние сме по цел свет
безброjни милиони
на трудот црн – народ!
Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне сонце златно –
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот -
ке л'сне живот нов!
И реки ќе потечат,
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи и копачки
страдни голи гладни
по целата земjа!
Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно светнал ден!

02 December 2006

Текстови за Толкин на македонски јазик

Апропо каузата, на Агора има неколку текстови за Толкин, човекот, неговото дело и филмовите.

Нема искачање вечер, време за толкиновска индоктринација

Прикажувањето на првиот дел на Господарот на прстените на А1 нуди извонредна прилика за воведување на глобалните културни придобивки во главните македонски општествени текови (мејнстриминг). Во најмала рака, увид во најновите инкарнации на романтизмот, што е сепак дел од општа култура.

Прикажувањето во дневната соба, на една од главните телевизии, со превод на македонски им овозможува на љубителите на Толкин да им ја објаснат убавината на сагата на своите роднини и пријатели, кои со години се чудат што мајка бараат нивните блиски киснејќи затворени во своите одајчиња по компјутерите, конзумирајќи пиратски снимки, игри, дивидија и слични производи на темата.

Или, како што би рекле Фродо и Гандалф пред да дојдат до мостот Кхазад дум, во пештерите на Морија:
Фродо: Посакувам прстенот никогаш да не дојдеше до мене. Посакувам ништо од ова да не се случеше.

Гандалф: Истото го посакуваат сите што живеат во зловреме, но одлуката за тоа какви се времињата не зависи од нив. Она што зависи од нас е што ќе правиме со времето кое ни е дадено. Има други сили кои работат во овој свет, Фродо, покрај волјата на злото. На Билбо му беше судено да го најде прстенот. Во тој случај, истото важи и за тебе. А тоа е охрабрувачка мисла. Ех, така некако.
Извор: транскрипт на сценариото. Има верзии со и без слики, за пофалба од аспект на употребливост.

САД го легализира абандонверот

Одделот за авторски права на Владата на САД објавил нова регулатива со која се дозволува „користењето и дистрибуцијата на абендонвер“ (abandonware), односно софтвер што повеќе не се дистрибуира од страна на оригиналните издавачи.

Ова е одличен знак оти конечно се декриминализирани љубителите на старовремските игри од Абандонија, како што се Дјун, Центурио и Елит. :-)

01 December 2006

Предозирање со филмови за филмови

Вчера вечер имав прилика да гледам два целовечерни документарни филма чија тема е филмот како медиум:
Начелно, обата ми направија кеиф, а коинцидентно имаат и слична структура и тема - објаснување на функционирањето на филмот како медиум на симболичко и психолошко ниво, со примери од сцени од познати филмови. Арно ама, со значајни разлики:
  • „Едукаторот“ ги изложува методите на раскажување и начинот на размислување карактеристични за „западната цивилизација“, поточно оној дел на светот под влијание на римското царство и христијанството. Ова може да се прошири и на другите две сродни религии - јудаизмот и исламот, но ми се допадна што заклучоците не се наметнуваат на универзално ниво.
  • Жижек за основа на своите анализи ја зема психоанализата, гранка на психологијата која е прилично дискредитирана во последните шеесетина години (оти не почива на строго почитување на стандардите на научниот метод), па претежно ја користат слободните мислители како филозофите и аналитичарите на книжевноста. Не ми се допадна што објасненијата беа прилично генерализирани.
Дополнителен контраст даде и тоа што во првиот филм нема класичен наратор, туку текстот го чита компјутерска програма, додека во вториот личноста на нараторот е сеприсутна и му дава особен шарм. Иако се прилично долги, првиот 1:40, а вториот 2 часа, нивното гледање не го сметам за губење време, туку за многу корисна и забавна активност.