Блекаут

16 July 2007

Конгрегејт - одличен веб-сајт за игри на интернет

Kongregate logoТопло го препорачувам веб-сајтот „Конгрегејт“ на сите кои се заинтересирани за играње преку интернет и за флешот како медиум. Како што веќе пишав во рецензијата:
Авторите на игри имаат можност да ги качат своите дела на сајтот и потоа да добијат дел од парите што сајтот ги собира преку објавување реклами.

Играчите, пак, може да заработуваат поени со кои подоцна би учествувале во наградни игри и слично, а и просто да се дружат со другите играчи.

Дизајнот на делот за игри овозможува муабетење додека се игра некоја игра со паралелно отворање прозорче со канал за „чат“. Така, двајца или повеќе пријатели може да играат иста игра, која првобитно не е наменета за повеќе играчи, но со ова добива на интерактивност.

13 July 2007

Мекдоналдс пак на мета на критики и сатира

Постот на Кичен чикен за Мекдоналдс ме потсети на една одлична игра за таа корпорација, што може да се најде на Конгрегејт.

Играта е бесплатна, се игра преку нет, а играчот е во улога на раководител кој се грижи за сите елементи на производството, продажбата и маркетингот. Тоа што е стратешки ориентирана не значи и дека е претешка. Податоците кои се искористени за оваа пародија може да се најдат и во филмот Мек Лајбел, кој е достапен на нет.

09 July 2007

Цртан филм за препраќањето пошта

Нештата што ги кажував во написот „Станете махер/ка за е-пошта“ може да ги дознаете и преку ова симпатично цртано филмче, на англиски јазик.

Тендер за слободен софтвер за Речник на компјутерски термини

Со цел развој на стандризирана македонска информатичка терминологија, Фондацијата Метаморфозис објавува тендер за создавање веб-апликација за речник преку која сите заинтересирани страни ќе може да го применат стручното искуство за унифицирање на терминологијата и ширење на собраните знаењата.