Блекаут

29 April 2014

Променети податоци на веб-сајтот на ДИК за резултати од изборите

 Пред малку на веб-страницата за резултати од изборите на ДИК беа сменети бројките.

 Пред 10 часот навистина стоеја бројките како што се забележани во написот на Либертас.мк. Поттикнат од објавите на социјалните мрежи, веднаш штом почнав да го читам написов отидов на веб-сајтот на ДИК и се уверив дека снимките на екран што ги објавиле Либертас се со исти податоци како и таму. Тоа беше околу 9:30 часот на 29.04.2014.




Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 9:30 на 29.04.2014.

 
Околу 10:30 се навратив и посведочив дека сега има други, исправени бројки кои се поклопуваат меѓу себе. Излезноста на општо ниво сега е пониска,беше 64.05% а сега покажува 63.93%. Слично и за општина Аеродром. Саат време порано стоеше излезност од 99.76%, а сега 68.49%.

Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.



Снимка од екран на сајтот на ДИК од околу 10:30 на 29.04.2014.


Баш ме интересира дали резултатите биле доставени на хартија до меѓународните набљудувачи веднаш по броењето, за споредба.

Како јавност, народ и држава заслужуваме објаснение од ДИК дали се работи за грешка или намерни измени, и ако била грешка што довело до грешката.


--- Дополнето во 15:40 на 29.04.2014 ---

Следново соопштение ДИК го испратиле до медиумите во 14:25 по е-пошта. Го пренесувам во целост:

     РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈA
                
                  29.04.2013 год.
                     СКОПЈЕ

 СООПШТЕНИЕ

Во врска со изнесените тврдења во одредени интернет портали дека во Општина Аеродром има разлика од 20.000 гласови помеѓу важечките и неважечките ливчиња за предвремените Парламентарни избори, Државната изборна комисија го појаснува следното:

При внес на податоци во комјутерскиот систем на Државната изборна комисија направена е  типографска грешка во полето  5.  од записникот на општинсаката изборна комисија во кое се внесува статитичкиот податок за вкупниот број на избирачи кои гласале. При споредба  на внесените податоци во системот  со  записникот на ОИК Аеродром е откриено дека во системот во полето 5. наместо податоткот  43.818 внесен е податокот 63.818.  Оваа грешка е коригирана и  нема влијание на освоените гласови и мандати по партии кои се коректно внесени во системот, туку само на процентот на излезност.

Согласно направената корекција, излезноста за парламентарните избори за општина Аеродром  е 68,49% а на ниво на Република Македонија е 62,95%.


ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

07 April 2014

Дали жените имаат заслуги за развојот на Република Македонија?

Зар единственото важно што направиле жени за државава од 2009 до 2014 година било да бидеш позната пејачка или 1/12 од стручен тим на машка репрезентација?

Според неговиот „Отчет“, Ѓорге Иванов во текот на неговиот мандат како претседател на Република Македонија доделил медали на 185 личности. Официјалното образложение е следното:
„Сето ова го правев за да пратам силна порака до македонската јавност дека сè што е постигнато во културата, спортот, општествениот живот е вреднувано и забележано од државата.“

4% од добитниците на вакви признанија се жени.

Тие 4% ги сочинуваат 8 лица. Две се државјанки на РМ - сопартијката Есма Реџепова-Теодосиевска и Ива Чадиковска - членка на стручниот тим на машката ракометна репрезентација која добила орден во пакет со дузина други лица од таа екипа. Другите 6 се странски државјанки, од кои една професорка по славистика и 5 претставнички на етничката македонска дијаспора.

1% добитнички државјанки наспроти околу 50% жителки ми се чини прилично несразмерно, особено поради амбициозната декларација дека се давало признание за „сè што е постигнато“. А вам?



PS
Ако се оди и по области, еве на пример според тоа кои министри биле одликувани постхумно, испаѓа дека „сè“ се состои од - полиција.

Сличен нејасен критериум е применет и кај инстуциите. На пример, во приоритетната област образование, одликувани се цели две високообразовни институции Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово.