Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
24 August 2009
Страв од тужба за клевета => цензура на интернет
12 May 2009
Автоцензура во македонската блогосфера?
Од повеќе извори имам слушано дека бројот на написи и бројот на посетители на македонските блогови опаѓа, што е чудно ако се земе предвид дека бројот на луѓе со пристап до интернет во Македонија расте. Би било логично зголемувањето на бројот на потенцијални читатели и автори да има обратен ефект.
Прилично е јасно дека користењето различни форми на притисок против неистомислениците има доведено до определена доза на автоцензура во традиционалните медиуми во Македонија. Имаме класичен пример за примена на морковот и стапот, со широк спектар на мерки од тепање, преку заканување и вознемирување, преку одбивање соработка и неможност да се добијат информации, до легално подмитување во форма на закупување огласен простор.
Ми се чини дека и во блогосферата имаме сличен ефект на автоцензура, односно губење на волја да се пишува и општо, да се разговара, особено на општествени теми. Поларизацијата на политичката сцена влијае на голем дел од луѓето кои не се радикални застапници на некоја опција да одбираат да молчат за разни прашања, од страв некој партиски војник да не ги етикетира или стави на „црна листа“ во неговата организација.
Иако неколку блогери се спротивставија на етикетирањето, сепак за мнозинството, особено околу изборите, влијаеја делата на партиски активисти или симпатизери. Некои од тие активности, како отворање нови блогови за кандидати, беа сосем легитимни, но придонесоа кон чувството за сеприсутна политизација. Уште полошо, беа применувани нелегитимни форми на притисок, особено често успешни обиди троловски да се задуши дискусијата на дадена тема со пренатрупување коментари кои немаат врска со постот, преку спамирање надвор од темата, со навреди и закани.
Од она што може да го видам од сервиси што споредуваат посетеност како Дигимак блог ми се чини дека бројот на посети некако не се зголемува - во моментов не може да кажам дека посетеноста опаѓа оти овој сервис покрива само мал процент од македонските блогови. Има начини да се провери и дали продукцијата стагнира, на пример преку броење на написите што ги бележи Најди блог, но во моментов немам можност за такво истражување. Ако имате податоци на темава, пишете...
Неколкупати имам читано написи во кои блогери велат дека се откажуваат, не можат да го издржат притисокот и/или се жалат на опаднатиот квалитет. Дали и вие мислите дека сето тоа обесхрабрување доведува до автоцензура - одбивање да не се блогира на одредени теми, или одбивање да се блогира воопшто?16 January 2007
„Време“ - прв македонски интернет-весник
Ова нема врска со европскиот тренд за премин од хартија на интернет, туку според редакцијата на „Време“, причината е сомнителното откажување на печатниците:
Навистина жалиме за оваа непријатна ситуација до која се доведени читателитеНо и откако ќе најдат друга печатница, тие сепак ќе
на „Време“. Во овој преоден период тие ќе имаат можност да ги читаат содржините на весникот на интернет-страницата www.vreme.com.mk, а во најкраток можен рок весникот ќе биде и во печатена форма повторно достапен за нашите читатели на сите продажни места низ земјава.
28 August 2006
Обид за цензура на видео-игри во Лујзијана, САД
Арно ама, тоа ја загрозува слободата на изразување, па судот ставил забрана на спроведување додека не се расчисти тоа прашање (Louisiana video game law put on hold).
01 April 2006
Забранети книги кај Ана
- За глувците и луѓето (Of mice and men) од Џон Стајнбек
- Голиот ручек (Naked lunch) од Вилијам Бароуз - кај нас беше издадена на српски
- Приказните од Кентенбери (The Cantenbury tales) од Џефри Чосер
- Крик/завивање (Howl) од Ален Гинзберг - добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- Игра во р’жта (Catcher in the rye) од Џ. Д. Селинџер - така е преведена кај во издание од шеесеттите/седумдесеттите, се наоѓа по јавни библиотеки
- Кланица 5 (Slaughterhouse 5) од Курт Вонегат
08 March 2006
Блогерски аксиоми, наспроти цензурата
Како што веќе реков, оние кои кон блоговите приоѓаат користејќи претходно искуство, на пример учество во форуми, брзо се разочаруваат оти наместо со еден, се соочуваат со многу различни администратори/отварачи на теми/бришачи на коментари/потенцијални цензори кои во рамките на својот свет/веб-сајт имаат контрола врз содржините која по некои туѓи критериуми може да е оправдана или не. Арно ама:
- Никој не може да ти избрише коментар, ако го поставиш на твојот блог како пост.
- Секој што знае да напише коментар во туѓ блог, може да си отвори свој.
- Ако поставиш линк во коментарот на твојот блог, особено кон друг блог, тоа нема да остане незабележано. Другите лесно ќе најдат дека си коментирал - било преку Сајтмитерот, било преку линковите до тој пост што ги евидентира Блогер, било преку Технорати или Најди!.
Единствен начин да се победат забраните, притисоците и цензурата – а цензурата ја има секаде каде што има институционализирана моќ – е да се отфрлат. Не да ѝ одговарате во стил „ако се обидете да ме замолчите, ќе ве замолчам и јас вас“, туку да ги отфрлите и нејзиното значење и нејзините цели. Целосно да поминете покрај неа.Лепењето коментари на туѓ напис не е блогирање. Тоа го имавме и пред блоговите, нели?
04 March 2006
Полициски упади во медиуми
Дали може да се споредат неодамнешните упади на македонската и на кенијската полиција во редакциите на медиуми? Боинг боинг (Media shutdown in Kenya -- TV station, newspaper torched) пренесува дека:Маскирани неуниформирани полицајци, вооружени со автоматски пушки, извршија полноќен упад во просториите на најстариот весник во земјата и неговата сестринска ТВ-станица во ноќта меѓу средата и четвртокот, палејќи десетици илјади весници во најдраматичниот напад во историјата на печатот на Кенија.Две коинциденции: поклопувањето на тајмингот со тоа што баш пред некој ден читав извештаи за „мека цензура“ низ светот („А и во Бугарија, ЕУ-кандидат, познато е дека весниците кои разоткриваат финансиски злоупотреби добиваат селективни и внимателно темпирани посети од даночни инспектори“ - The growing threat of soft censorship, pdf, 174K) и тоа што последниот пост од фељтонот „имало бетер и од нас“ на Ивица Боцевски е токму за Кенија, па нуди одредена позадина за настанот.
01 March 2006
Купување на вестите: „мека“ цензура на медиумите (во Аргентина)
„Купување на вестите: Извештај за финансиската и индиректната цензура во Аргентина“ ги разоткрива многуте суптилни, но моќни начини на кои владините функционери влијаат врз медиумите во Аргентина - од злоупотреба на владините фондови за реклами до примената на приватен притисок врз новинарите и уредниците. Ваквите нарушувања на независноста на медиумите се во голем број случаи неразоткриени и неказнети.
...
Многубројните сведоштва откриваат како владиниот притисок врз медиумите предизвикува бранови на автоцензура кои смрзнуваат цели редакции и ги замолчуваат дури и најхрабрите новинари. Некои од нив се тргнати од програма на барање на владини функционери.
На истото место може да се најде и комплементарниот текст „Растечката закана од мека цензура“ (The Growing Threat of Soft Censorship) кој го разгледува проблемот на глобално ниво. Тоа не е сеопфатен извештај, туку преглед на состојби на разни места и со него не е опфатена Македонија.
06 February 2006
Препорака: „Сталин во душата“ од Урсула К. ле Гвин
Единствен начин да се победат забраните, притисоците и цензурата – а цензурата ја има секаде каде што има институционализирана моќ – е да се отфрлат. Не даодговарате во стил „ако се обидете да ме замолчите, ќе ве замолчам и јас вас“, туку да ги отфрлите и нејзиното значење и нејзините цели. Целосно да поминете покрај неа.
...
За да дојде до нешто како што е такво свесно отфрлање, човек мора прво од сите страни сосем сериозно да го разгледа проблемот на цензурата.
29 January 2006
Препорака: „Слобода што почнува да боли“ на веб-сајтот на „Форум плус“
Како еден од консултираните, се придружувам на оценките на Јован и Букаро дека се работи за одлично дело. Тоа не само што нуди вовед во концептите на слобода на говор на интернет и загрозување на приватноста со користење на разновидни извори, туку тоа го прави на пристапен начин и со нагласок на човечката димензија.
Се надевам дека ќе има продолженија, оти скоро во секој параграф се отвора материјал за дополнително истражување и разјаснување. На пример:
Лила М. Стојановска вели дека не заборавила на лошото искуство со веб-форумите. "И ден-денес ме интересира кој го сторил тоа. Она што прво ми падна на памет е да ги нападнам администраторите. Не знам дали тие беа виновни, но не испаднаа џентлмени кога се обидував да откријам кој го направил тоа", тврди таа. Вели дека за себе читала секакви работи и дека ги прифаќа како дел од нејзината работа.Како жртвата на злоупотреба да дознае кој ја напаѓа, а при тоа да не се направи ново загрозување на приватноста? Ако технократите одбиваат одговорност, која започнува со дефинирање на обврските и правата – нивни и на корисниците на веб-сервисите, дали треба да се вмешаат и други чинители?
Правила и стандарди или се носат интерно, како код на однесување во рамки на еснафот, или се наметнуваат однадвор, на пример од страна на државата со носење закони, често со дополнителни мотиви и несакани последици по слободата.
Можеби демагозите кои негуваат култура на авторитарност по македонските форуми, потсвесно токму тоа и го посакуваат. Авторитарниот тип на личност се карактеризира со суровост кон послабите и понизност кон посилните... и често има потреба од таква „татковска фигура“.
одговарате во стил „ако се обидете да ме замолчите, ќе ве замолчам и јас вас“, туку да ги отфрлите и нејзиното значење и нејзините цели. Целосно да поминете покрај неа.