Блекаут

Showing posts with label 300. Show all posts
Showing posts with label 300. Show all posts

16 April 2007

Стрипче за „300“ и „Зајди зајди“

365 објавиле пародично стрипче во врска со аферата за „300“ и „Зајди зајди“, за кое дознав преку Кајмак.от. За тие што не го гледале филмот, еве ја оригиналнатa сцена. А може и не била оригинална, може е земена од некој роман на Славко Јаневски за Кукулино, кога доаѓаат Бугарите во селото, па кај бунарот - или вака било со Добромир Хрс и
Византијците во тоа клисурата кај Демир Капија (Просек). ;-)

10 April 2007

Триста чуда: рекапитулација за аферата со „Зајди зајди“

Неколку исправки и сознанија во врска со аферата за музиката во филмот „300“ и песната „Зајди зајди, јасно сонце“.
  • Песната не е народна - за тоа не бев во право. Испадна дека е авторско дело на Александар Сариевски, па не се работи за приватизација на светското културно богатство, туку за нарушување на индивидуалните авторски права. Инаку, на албумот од Тоше, кој исто ја исполнува „Зајди зајди“, пишува по пропис дека е авторско дело на Сариевски.

  • Стојам на ставот дека било кој автор треба да наведе од кај „се инспирирал“, случајно да не се приватизираат и народни песни.

  • Трендо не бил првиот кој свртел внимание на прашањево. Информацијата прво се појавила на 365, па во Шпиц, па на Он.нет - и тоа со mp3, не само со прераскажување. Но лидерската улога на Трендо не треба да се занемари оти токму тој ги мобилизира масите и покрена акција за граѓанско учество за искажување на незадоволството. Јас сум нередовен читател на македонските „забавни портали“ и не бев во тек со тоа „кој прв почна“.

  • Филмот го гледав, се продава по Скопје на ДВД за од 70 (пред ГТЦ, страната кај Југодрво) до 100 денари (ТЦ Буњаковец). Слично како и со „Син сити“, духот и визуелниот дизајн на стрипот е пренесен во целина - од аспект на технолошко постигнување го препорачувам. Приказната и пораките се генерализирани во насока на консензусот кој подолго време постои во западниот дискурс („Грција, колевка на демократијата и рационалната западна цивилизација“) и не го помага промовирањето на посебен македонски идентитет. Не се навлегува во детаљи, на пример дека грчките борци за „слобода“ биле истовремено и буквални робовладетели, за што може да се најде аналогија и кај војната за независност на САД. (Вуна оди и чекор подалеку: „300“ е нацистичка пропаганда)

  • Како и политиката што ни го донесе „проблемот со името“, и проблемите со авторските права произлегуваат од тоа што „Моќните го прават она што можат, а слабите она што мораат“ (Тукидид). Тековниот репресивен глобален систем за авторски права го креираат корпорациите, државните администрации и други ентитети кои ако граѓаните не ги натераат да го променат, никогаш нема да го сторат тоа.

02 April 2007

Вистинската опасност во случајот со „Зајди зајди“ и „Триста“

Всушност, земањето на „Зајди зајди“ без да се каже дека е народна може да има многу страшни последици.

Ако му се дозволи, „авторот“ Бејтс ќе ја заштити мелодијата како негова, со целата тешка артилерија на адвокати за авторски права на Ворнер брос и музичката индустрија зад себе. Всушност тој веќе го има сторено тоа. Сега, ако некој ја пее народната песна, или пак објави своја обработка на истата, може да му се сипат со целата сила, моќ и пари што ги имаат - како демек тие се жртви на пиратство. Дур да се објасни по судови дека има право, ќе му се смачи и живот и музика.

Замислите што ќе биде ако (кога ќе!) развијат и компјутерски системи за автоматско детектирање на плагијати - од една страна ставаш аудио фајл, од друга излегува тужба. Нешто слично како во „Меланхолични слонови“...

У триста... Требало да кажат дека е македонска народна!

300 soundtrackТрендо повел акција за демаскирање на авторот на музиката на филмот „300“, кој ја искористил песната „Зајди, зајди јасно Сонце“ без да наведе дека се работи за македонска народна песна.

Во овој случај не се работи за нарушување на авторски права, оти мелодијата е јавна сопственост (public domain), но се работи за прилика за промоција на македонското културно наследство во светот, како и промоција на практиката да се наведе изворот на инспирација, а не да се присвојува колонијалистички.

Може да помогнете со тоа што ќе го проширите гласот, на пример со ширење на линкот за веста на англиски јазик (300 the Movie Fails to Attribute Use of Macedonian Folk Song in Soundtrack), особено ако гласате преку Диг или ја промовирате преку Стамбл апон. Веќе имам објаснето како одат тие работи...