Блекаут

24 October 2012

Препорака за блогери: Ставете банер од #АМАН

Во знак на поддршка за движењето АМАН, го поставувам следниов банер во мојот блогрол. Сторете го и вие истото ако сметате дека поскапувањата што се под контрола на државата се неоправдани и треба да се развијат и спроведуваат транспарентни и отчетни механизми за добро владеење.


Линкот на банерот е препорачливо да води кон настанот на Фејсбук, а повеќе информации за движењето има на нивниот блог Граѓанска иницијатива АМАН и на твитер преку хаштагот #АМАН.

Башка, блогов беше меѓу првите што извести за протестите на македонски (Блогспот, Блогерај) и англиски јазик.

12 October 2012

Интернет мора да падне - наредба од Штабот на Комитетот | #член16

This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај:  Интернет мора да падне - наредба од Штабот на Комитетот | #член16
- English: Macedonia: The Internet must Fall - an Order from the Committe HQ | #член16


Потплати, откупи, присвој, заплаши или ако не може, уништи постоечки медиуми. Отвори портали „кои често објавуваат навредливи информации и директни напади на поединци, фирми, компании“. Спроведувај хајки против неистомисленици - лажни лустрации, дискредитации, чистки. Не спроведувај Кривичен законик кога твои пропагандисти со говор на омраза поттикнуваат раздор и меѓуетничка нетрпеливост. 
Доведи ја ситуацијата со слобода на изразување до бедно ниво.

Потоа објави „решение“: Интернетот „мора да се регулира“!

Накратко: Унгарско сценарио во банана-држава.

***


Затоа што со новите законски „решенија“ опфаќаат поттикнување цензура преку законот за навреда и клевета, измени на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за говор на омраза и ограничувањето на можностите за работа на странски дописници... Дознајте повеќе за напорите на активистите од Македонија кои настојуваат законодавниот процес да се постави на демократски основи и приклучете се!






01 October 2012

Две минути омраза

This post is also available in | Овој пост е достапен и на
- македонски преку Блогерај:  Две минути омраза
- English: Two Minutes Hate


Кусо објаснување за Две минути омраза на Википедија 
 Две минути омраза е поим кој се споменува во романот 1984 од Џорџ Орвел и означува период во денот кога членовите на Партијата во општеството на Океанија мора да гледаат филм во кој се прикажани непријателите на Партијата (особено Емануел Голдстајн и неговите следбеници) и да изразат омраза кон нив.
Филмот и неговите звучни и визуелни елементи (кои вклучуваат и непријатна бучава која Орвел ја опишува како да е „од некоја чудовишна машина што работи без масло“) се форма на перење мозок за членовите на Партијата, со цел да се западнат во треска на омраза кон Емануел Голдстајн и тековната супердржава-непријател. Очевидно, честа појава е оние кои ќе ги обземе ваквата омраза и физички да го напаѓаат теле-екранот, како што тоа го прави Џулија во текот на сцената.
Во книгата, намената на омразатa е да се задоволат притаените чувства на нелагодност и омраза поради цензурираниот живот што го водат граѓаните. При тоа, воведен е и годишен фестивал наречен Недела на омразата како екстраполација на секојдневниот двоминутен период...