Блекаут

Showing posts with label Сексови и сексуалности. Show all posts
Showing posts with label Сексови и сексуалности. Show all posts

21 August 2006

Сексот и хигиената како основа на туризмот

Како што можеше да се насети и од претходни постови, се согласувам со Жарко кој објаснува на Зомбификација:
Вест, во написот „Нудизам и во Македонија“ (од пред две години) навестува дека има: „Меѓу домашните туристи познати се локациите кај Охрид и Струга кои важат за сврталиште на љубителите на нудистичкиот туризам.“

Сепак, такво навестување нема да најдете на националниот туристички портал. Таму се нудат цркви и џамии, селски и „еко“ туризам - каков бе „еко“ туризам у ова ѓубриште на секој чекор?!

Мал совет до идниот раководител на секторот за туризам (Фуфо, или кој и да е): Наместо гробишта и археолошки ископини, под итно да ставите фотографии од некоја дива нудистичка плажа!
И наместо жена да не може на јавно место да се соблече топлес, оти одма ќе грабне некој да ја слика за во весник како куриозитет (фрик!), или водители од радио емисии да ги гњават несоблечените дали би се соблекле, оти кај нас треба храброст за да се соочиш со опасноста од горенаведеното нарушување на приватноста, а и непријатно е ако ти се соберат пазачи да те буљат, оти има луѓе за кои и здогледување на танга е подвиг што се прераскажува у маало... Некои од нив од тоа прават и пари, како Вечер и Алиби минатата година, кои (без претходна дозвола?!) фотографираа луѓе по плажи и бираа „мис“ и „мистер“.

Викендов бев на Љубаништа и Градиште - на првата плажа имаше дури една жена топлес, а на втората буквално купишта ѓубре до луѓето што лежеа како фоки на гола земја, валкајќи се со пешкирчињата во правта. Да лежиш на чакалот од тие помалите плажи е демек, привилегија.

На ниедна од плажите немаше нешто што во земји со развиена понуда е нормално - лежалки и чадори за сонце обезбедени на лице место, дури и таму каде што е уживање да се препелкаш во ситниот, бел и чист песок.

А за на дивите плажи, од локални извори имам чуено дека е добро ако веќе решите да се сунчате голи, буквално да се понесе и огнено оружје да стои на увид на пазачите кои поминуваат со кајчиња и сакаат да се задеваат.

12 August 2006

Кратка историја на топлесот во Македонија

Весникот „Вест“ редовно ги документира појавувањата на жени кои се сунчаат топлес на крајбрежјето на Охридското Езеро:
Во меѓувреме, на естрадата...
Кабинетот на претседателот вчера се јави и со пишан демант, во кој најави дека, во соработка со амбасадата на Македонија во Лондон, презема активности за кривично гонење на магазинот „Максим“ за лагата изнесена во неговиот последен број. Списанието, инаку, во текстот не споменува за кој претседател на Македонија станува збор ниту, пак, кога тоа се случило.
Од добиената оштета од тужбата за навреда и клевета (defamation на српски) можело прилично добро да се пополни буџетот на РМ. Којзнае зошто горенаведениот линк е последен напис на темата во македонските медиуми. Изгледа дека амбасадата презела само мерки на закана, а на нашиве новинари не им текнало да ги прашаат пак на темата до кај е работ’та (no follow up story).

12 February 2006

Кое е најдобро време за водење љубов?

„Секс ќошето“ од петочниот „Вест“, започнува со констатацијата: „Било кој маж ако го прашете во кој дел од денот би имал секс, одговорот што следи е - во секое време!“.

Д-р Даница, во декемврискиот број на новосадскиот магазин за мажи „ЦКМ“, својот одговор на истото прашање, поставено од белграѓанката Марија, го започнува слично: „Најдобро време за водење љубов е нон-стоп! Само, внимавај да не затрудниш. Ако момчето ти се вика Боба, татко му е сигурно Гидра...“.

Арно ама, конкретниот дел од прилозите се разликува. Додека „Вест“ вели дека „според сексолозите“:
Најдобро време да се води љубов е навечер или рано наутро. Сепак, 23 часот се смета за нај-нај интервал погоден за жешки игри, затоа што тогаш мажот го доживува хормоналниот врв.
„ЦКМ“ пак промовира сосем спротивна наводно научна информација:
Нервните завршетоци кои кај жените пренесуваат сексуални дразби до мозочната кора се најактивни кон средината на нејзиниот менструален циклус. Кај типовите, нивото на тестостерон е највисоко околу девет часот наутро! Спои ги овие два непобитни факти и ќе добиеш рецепт за идеален секс, а ќе можеш да го применуваш макар еднаш месечно!
Ниту едниот, ниту другиот напис не укажуваат на изворите на нивните тврдења, со што е оневозможено нивното евалуирање. До душа, „Ќошето“ по принципот „во оваа дупка или има или нема вода, највероватно“ додава дека и утрото не треба да се пропушти, ако мажот доживеал ерекција. Демек, „компромисот“ е не во „секое време“, туку „кога може“?