Многу луѓе во Македонија ги сакаат романтичните песни на Џибони (
Zlatan Stipišić - Gibonni), а особено спотовите со Корто Малтезе и пчели, но досега на моето прашање „а од кај се појави овој?“ најдалеку во минатото што можев да допрам беше врз основа на одговорот:
...Па тој и порано пишувал песни, на пример „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ. Пред некоја година веројатно решил и да ги пропее...
Арно ама, вистината е поинаква - и поинтересна. Овој Џибони, всушност да ти бил
Џибо, лидерот на
Осми Путник, хеви-метал група од Сплит, една од главните од овој жанр во СФРЈ, покрај Дивље Јагоде од Сарајево.
Џибо ја напушти Осми Путник некаде во втората половина на осумдесеттите, изјавувајќи (во едно интервју во списанието
Чао, ако добро се сеќавам) дека на другите членови им ги препушта и авторските права на името на групата.
Инаку, името на групата доаѓа од официјалниот југословенски превод на името на филмот „Ејлиен“ (
Alien, 1979) на Ридли Скот.