Блекаут

Showing posts with label Евровизија. Show all posts
Showing posts with label Евровизија. Show all posts

15 May 2007

3 дена подоцна: А1 ја потврди веста од Развигор

На денешните вести за А1 во прилогот за новите грчки закани да го смениме името или нема да нè пуштат во ЕУ и НАТО (патот до нив ни водел преку Атина) беше споменат и скандалот за кој овој блог извести пред неколку дена.

14 May 2007

Дигање свест кај странците - лек за фијаското со името

Иако изгледаше дека добро почна со грчкиот автогол на свој терен, овогодишната Евровизија испадна фијаско во врска со името на Македонија. Како што забележа Струмјан:
„Другарчињата“ оваа година нé изневерија со бодовите, а уште повеќе со Фиромизирањето! Само Црна Гора имаше доблест да нé ослови со Македонија без да им се плаши на Грците. Браво и за Црна Гора!

По тој повод напишав една кратка пародична вест (UN and EU to impose new name on Finland) која ја покажува апсурдноста на нашата ситуација. Погодна е за препраќање до странци и за дигување.

Ако не го шириме гласот дека ваквата пракса е понижувачки расизам, таа нема да престане.

12 May 2007

Грција: Евровизиски скандал за името Македонија

Од извори на теренот дознаваме дека во текот на евровизискиот пренос на коментаторката на грчката телевизија ѝ се испуштило, па наместо „бивша југословенска република Македонија“ при настапот на Каролина посакала среќа на „Македонија“.

Веднаш следеле бројни реакции по СМС, а коментаторката остатокот од преносот на полуфиналето на Евросонгот го поминала во извинувања за ненамерниот пропуст.

Exclusive! You've read it here first. :-)

Да видиме за колку време ќе се појави веста во македонските статични медиуми.

15 March 2007

е-Балкане евровизиски

Баш се прашувам како текстот на евровизиската песна на Каролина „Мојот свет“ ќе биде преведен на англиски. Како и во многу други случаи, не би било лошо некој роден говорител да го прегледа преводот пред да излезе во јавност.

Текстовите на претходните евровизијци за балканско уво звучеа океј, но на места невообичаено, па дури и шокантно за некој кому англискиот му е мајчин јазик. Она „make my day, go away“ на Мартин е супер рима, ама буквалниот „оди си“ не е израз што се користи за откачување никаде во реалниот живот на англиско говорно подрачје. А „I'm gonna give it to you" на Елена буквално значи „ќе ти дадам“ и тоа во највулгарната сексуална конотација на тинејџерски озборувања. А како преводот и обработката кои целосно го сменија контекстот на песната на Тоше е тема на посебна приказна.

Конкретно, она „душа балканска“ има сосем различно значење на Балканот и вон него. На Балканот е израз на космополитизам, со кој одреден балканец прифаќа дека има заеднички особини со околните народи (дека и тие се луѓе и имаат душа), наспроти националистичката и меѓуверската омраза, дека е дел од еден поширок културен контекст - на пример, признанието дека ајварот не е македонско/албанско/бугарско, туку балканско јадење.

Арно ама, Балкан и изразите поврзани со него, во западниот свет имаат многу негативна конотација. Не случајно Штуловиот универзитет е наречен Универзитет на Југоисточна Европа, а не Универзитет на Балканот. „Балканизација“ (balkanization) е нешто најлошо што може да му се случи на регион или земја - со векови е синоним за хаос, гнилеж и распаѓање и како таква е вгнездена во западниот дискурс. „Душа балканска“ на запад попрво ќе ја сватат како „душа варварска“ отколку „сентиментална душа посветена на заедничкото музичко наследство и пријателски културен натпревар меѓу народите“.

Сепак, не велам дека треба да се примени изразот „душа југоисточноевропска“. За крај, еден пример на песна со која се нагласуваат општочовечките вредности:
Мојот свет се вика информатика
нема вера ниту граница
мојот свет се осум бита
душа една гиковска
;-)