Блекаут

23 September 2013

Мини ес-еф приказни

Неколку (пре)кратки научнофантастични раскази...

Фредерик Браун (1948)
Чук Чук
Последниот човек седеше сам во собата. Некој чукна на вратата.


Џеф Ренер (1964)
Љубовна приказна
Момчето ја сретнува девојката,
момчето ја губи девојката,
момчето ја прави девојката.


Роџер Дили (1972)
Најкратката SF приказна
Времето застана. Вчера.


Форест Акерман (1973)
Атомигедон 2419
Крај.


Ед Вален (1974)
Ева да не затруднеше
.




Превод и адаптација: Филип Стојановски. Македонскиот превод првобитно објавен на www.agora.org.mk.

22 September 2013

Список со работи што ви требаат за да пречекате бебе - новороденче

Списоков на работи кои треба да ги имате дома кога ќе ви се роди бебе се пренесува од колено на колено, односно од инбокс на инбокс веќе неколку години. Не знам кој е авторката или авторот, мене пред неколку години ми го прати еден другар кога ни требаше.

Го пренесувам како што си беше, нелекторирано и со сите субјективни забелешки кои му даваат посебен шарм. Веројатно првобитно бил дел од порака по е-пошта, а сега е дел од фолклорот. Може ќе се најде некому.

  1. 30-40 пелени
  2. 10-12 шведски пелени
  3. 1-2 капчиња
  4. 5 боди на врзување (бр. 56) и 1-2 боди на врзување (бр. 62 за преоден период)
  5. 2 пешкири
  6. 4 пара чорапчиња
  7. 4 шпилхозни (бр. 56) и 2 шпилхозни (бр. 62)
  8. 2 горни бенкици (блузички)
  9. 3-4 мали лигавчиња
  10. 2 прекривачи или ќебенца
  11. 2постелнини
  12. пелена за преслекување
  13. релаксатор
  14. количка
  15. baby alarm
  16. анатомска кадичка
  17. корпа или плико (за почеток)
  18. 3% хидроген
  19. бивацин прашок
  20. Павловиќева крема (оригинална)
  21. јекодерм
  22. гази
  23. Д3 капки
  24. марамици (моја препорака Нивеа лосион)
  25. сапунче за бањање (за првите 2 месеци)
  26. Pampers 2 (3-6 кг)
  27. 2-3 цуцли лажалки (Nuk1 од каучук, анатомаки од 0-6 месеци)
  28. мало шишенце со цуцла-пластично од 125 мл (Nuk 1 со цуцла од каучук, анатомаки од 0-6 месеци)
  29. чај од анасон (Бекутан чај за бебиња)
  30. четка за коса
  31. ножички за нокти
  32. термометар за бебиња
  33. чепкалки за уши за бебиња со граничник
  34. физиолошки раствор за носе
  35. прслуче за доење (Chicco или Lisca)
  36. влошки за прслучето
  37. влошки со мрежичка
  38. специјалното издание на списанието Беба „Новороѓенќе“

П.С. Фластери или гази за пупачето за кога ќе го бањате не ви треба бидејќи може да се мокри доколку го бањате (туширате) под проточна вода а не го потопувате во кадичка додека не му падне.